Македонската култура и Скопје имаат капацитет да бидат Европска престолнина на културата во 2028 година

September 5, 2023
1 min read

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, оствари средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како подготовка пред заедничкото претставување на апликацијата „Скопје – Европска престолнина на културата во 2028 година“ што ќе се одржи во Европската комисија во Брисел.

Во седиштето на ЕУ во септември ќе се одржи панел-дискусија на која независни експерти назначени од институциите и телата на Европската Унија ќе ги оценуваат апликациите. Во потесниот круг за оваа престижна титула на натпреварот меѓу градовите  на ЕФТА/ЕЕА се влезени Скопје и Будва.

За нас, апликацијата „Скопје – Европска престолнина на културата“ е од огромно значење бидејќи ќе донесе афирмација на македонската култура во сите нејзини сегменти, од културното наследство до современата архитектура и изведувачките уметности. Да се биде град кој една година ќе биде во фокусот на европската културна јавност, е престиж и привилегија кои ги поттикнуваат сите домашни ресурси за исполнување на условите – од организациски, просторен и од програмски аспект. Да се биде „престолнина на културата“ е можност за анимирање многу општествени, културни и економски капацитети и придобивки на Градот Скопје и на целата држава. Убедена сум дека културата, нашите институции и независната сцена, поединци и културни оператори имаат капацитет за изготвување програма со европски квалитет и вредности. Впрочем, голем број од нив тоа веќе и го докажуваат преку вклученост во мрежата на европските фестивали и настани – рече министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска. 

Со градоначалничката Арсовска беше разговарано за заедничките заложби што Градот и Министерството за култура ќе ги вложат во периодот пред панел-дискусијата во Брисел за потребата од истакнување на квалитетот и капацитетите што ги имаат Скопје и Македонија за да бидат домаќини на европски уметници, за учеството на нашите експерти во евалуацијата на апликациите. Соговорничките се договорија да изготват заедничка платформа за претставување на културната сцена на Македонија и на потенцијалите што ги има државата за искористување на европските фондови и можности и поголема присутност преку програмата „Креативна Европа“ пред ЕУ.

Арсовска и Костадиновска-Стојчевска со оптимизам го најавуваат македонското претставување на панел-дискусијата во Брисел, потенцирајќи ја нашата органска поврзаност со европските вредности, а тоа се надеваме дека ќе биде потвредено преку позитивниот резултат од нашето кандидирање за „Европска престолнина на културата“. 

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОН: Навремено се започнати и извршувани активностите за изработка на учебници

Следно

Земање витамини зголемува ризик од рак?

Latest from Blog

Белиот дрес е хит во Шпанија, но во финалето „фуријата“ ќе игра во друга боја

Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите

Белиот дрес е хит во Шпанија, но во финалето „фуријата“ ќе игра во друга боја

Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите

Петгодишно дете успеало да избега од куќата на ужасот: Живеело во фекалии, влечел кебе натопено во урина

Голо 5-годишно момче од Пенсилванија храбро избегало од дом каде што го поминало поголемиот дел од времето заклучено во соба покриена со измет, претворена во импровизирана затворска ќелија, додека неговите тројца старатели

Силно невреме ја погоди Битола – улиците под вода

Силно невреме проследено со пороен дожд вечерва ја зафати Битола, при што повеќе улици низ градот беа поплавени, а сообраќајот на одредени локации беше значително отежнат. Според објавените видеоснимки, големи количини вода

Аргентина со нов уникатен рекорд: 13 натпревари на Мундијалите со два или повеќе гола!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Финалистот на ова Светско првенство, селекцијата на Аргентина, ја продолжи својата рекордна серија на натпревари со постигнати два или повеќе гола на Светските првенства. Во полуфиналето
Go toTop