Четири цивили ранети во напад на терористи на ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија

September 5, 2023
1 min read

АЛ-БАБ (АА) – Најмалку четири цивили се ранети кога терористи на ЈПГ/ПКК го нападнаа градот Кабасин во областа Ал-Баб, во Северна Сирија, известува Анадолу.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК во понеделникот вечер изведе напад на Кабасин од окупираниот град Орајма во Мунбич, ранувајќи четири цивили.

Ал-Баб е расчистен од терористичката организација ДЕАШ за време на операцијата „Штитот на Еуфрат“ во февруари 2017 година.

Во друг напад е убиен еден цивил, а двајца се ранети од страна на ЈПГ/ПКК во селото Ал-Салихијах, во Округот Тал Абјад, во северниот дел на Сирија.

Турските сили во изминатите шест години изведоа три успешни антитерористички операции во пограничниот појас на северниот дел на Сирија. Со операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) ставен е крај на терористичката окупација на пошироко подрачје во северниот дел на Сирија и спречен е планот на терористите на ЈПГ/ПКК во тој регион да воспостават терористички коридор.

ПКК е сепаратистичка и терористичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и во САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе. Терористичката организација ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлог-одлуката за распишување оглас за директор на ОТА прва на дневен ред во Собранието

Следно

Манев: Никој не може да ѝ се заканува на Италија, но веруваме во позитивен резултат

Latest from Blog

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите

Брисел го гледа Коридор 8 како стратешка врска за Европа и снабдувањето со критични минерали

Македонија, Бугарија и Албанија имаат значајна геостратешка положба во развојот на паневропската транспортна инфраструктура, која треба да овозможи побрз и поефикасен транспорт на стоки од Црното до Јадранското Море, а потоа и

Хитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу

Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу

ФИФА ќе отвори истрага за прошталниот меч на Меси?

Прошталниот настап на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација би можел да добие неочекуван пресврт. Во јавноста се појавија наводи за можна истрага на ФИФА поврзана со натпреварот меѓу Аргентина и
Go toTop