(ВИДЕО) Култниот фестивал во Невада стана хорор-приказна: Дождот ја претвори пустината во кал, еден загинат

September 3, 2023
1 min read

За само 24 часа паднал дожд како за период од два до три месеци. Пустинскиот песок, сведочат посетители, се претворил во густа кал слична на глина низ која е екстремно тешко да се пешачи или да се вози велосипед

Годинешниот култен фестивал „Брнинг мен“, што се одржува во пустината Бек Рок во американската сојузна држава Невада, се претвори во хорор-приказна. Поради обилни држави, на илјадници посетители на популарниот настан им беше наредено да не го напуштат местото.

Организаторите побараа од околу 70 000 гости да штедат храна, вода и гориво бидејќи обилните врнежи го претвориле пустинскиот песок каде што се наоѓа фестивалскиот камп, во кал. Влегување и излегување е забрането.

Последните информации што ги пренесуваат американските медиуми се дека е пријавен и еден смртен случај. Засега нема официјални информации за околностите во кои настанала смртта ниту, пак, е познат идентитетот на жртвата.

„Семејството е известено и смртта се истражува“,

соопштија властите од округот Першинг.

Според информациите, за само 24 часа наврнал дожд како за период од два до три месеци. Пустинскиот песок, сведочат посетители, се претворил во густа кал слична на глина низ која е екстремно тешко да се пешачи или да се вози велосипед.

„Се очекуваат повеќе дождови во текот на следните неколку дена, а не се очекува условите да се подобрат доволно за да може да влезат возила на местото“,

соопшти Бирото за управување со земјиште, пренесува Си-ен-ен.

Точниот број на луѓе кои се заглавени во пустината не е познат. Само мал дел од нив успеале навреме да излезат. Меѓу нив е и американскиот диџеј Дипло кој на Х (поранешен Твитер) напиша дека заедно со комичарот Крис Рок морале да пешачат осум километри за да стигнат до патот од каде што обожаватели ги зеле со возила.

„Брнинг мен“ годинава беше предвидено да трае девет дена. Тоа е еден од најпознатите културни настани во САД и специјално за него, посетителите создаваат „привремен град“ во пустината каде што кампуваат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Америка и Европа се разделуваат поради Украина

Следно

Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал 850 официјални голови

Latest from Blog

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи

ФИФА го отфрли клучното барање: Дали Иран нема да оди на Светското првенство?

фото: Megatron (X) Како што се приближува Светското првенство, тензиите во фудбалскиот свет растат поради ситуација што може сериозно да го загрози натпреварувањето. Учеството на Иран стана многу под знак прашалник откако
Go toTop