Град Скопје: Нема структурни оштетувања, мостот„Беласица“од денеска делумно ќе биде отворен за сообраќај

September 2, 2023
1 min read

По речиси четири месеци мостот „Беласица“ денеска делумно ќе биде отврен за сообраќај, соопшти Град Скопје. Во соопштението како што се наведува, ќе може да сообраќаат само лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ.

„Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на бул.Беласица, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија“

се наведува во соопштението од Град Скопје.

Фото: 360 степени

Пожарот на мостот „Беласица“ што ја поврзува Железничката станица со крстосницата кај трговскиот центар „Ист гејт“ избувна околу полноќ, меѓу 11 и 12 мај.

Ескепртизата за оштетувањата од опожарувањето на мостот ја правеше приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Директорот на институтот Михаил Гаревски кон крајот на јуни тврдеше дека од визуелната инспекција не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање, туку тие се скриени со заштитниот слој на бетон. Како што изјави тогаш Гаревски, иако станува збор за мали оштетувања , потребна ќе биде санација.

Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски, пак, неколку пати јавно порача дека е потребно детално испитување и темелна анализа пред мостот да се пушти во употреба.

Генерално, сешто може да е случено во мостот, и според мене од инженерски аспект треба да сме потполно сигурни каква е неговата состојба, пред да го пуштиме во употреба. Не значи дека тој ќе се урне по една недела или кога ќе се пуштат возила, може да се случи нешто по неколку години, можеби никогаш да не се случи, а да е оштетен. Меѓутоа, мораме да знаеме, тоа е она за што јас се залагам … Далеку сум од уривање на мостот, постојат методи за санација, уривање за мене не е опција“,

изјави Марковски на прес-конфернеција на 6 јули.

Мостот „Беласица“ е една од клучните артерии во Скопје која поврзува два дела од градот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Социјалната мрежа Х ќе собира биометриски податоци, ниво на образование и работно искуство

Следно

Министерот Меџити очекува брза истрага за случајот со Клиниката за онкологија

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop