Разбиен шверц на дрога на балкански картел, запленети 2,7 тони кокаин близу Канарските Острови

September 1, 2023
1 min read

ОВИЕДО (АА) – Шпанската полиција, заедно со уште неколку други агенции за спроведување на законот, му зададе тежок удар на балкански наркокартел запленувајќи 2,7 тони кокаин недалеку од брегот на Канарските Острови, соопшти денес полицијата, јавува Анадолу.

Шпанската полиција уапси две од лицата на бродот, а српската полиција уапси уште четворица поврзани со шверцот на дрога. Според Европол, во операцијата фатен е еден од главните организатори на криминалните мрежи.

Српската полиција почна да го истражува картелот на почетокот на 2022 година, откако се посомневала дека ја координира трговијата на големо на кокаин од Јужна Америка во Европа. Уште неколку други агенции за спроведување на законот од Бразил, Хрватска, Франција, Полска, Португалија, Шпанија и Словенија, исто така, започнаа со следење на групата.

Во исто време, со отстранувањето на алатките за шифрирана комуникација што ги користат многу криминалци, како Encrochat, Sky ECC и Anom, откри дека државјани на земјите од регионот на Балканот играат клучна улога во глобалната трговија со кокаин, посочи Европол.

По следењето на оваа организација, властите почнаа да забележуваат модели на трансфер. Водачот на организацијата патувал во Шпанија неколкупати користејќи лажна идентификација. Разузнавањето исто така откри дека украински и чешки капетани патувале неколку пати до Островите Зелен ‘Рт или други локации во Западна Африка за да ги подготват бродовите за шверцот.

Властите, исто така, увиделе дека членовите на организацијата одржувале состаноци со латиноамериканските набавувачи на дрога во Хрватска и патувале во земји како Колумбија и Бразил.

На крајот, властите забележале голема едрилица како товари кокаин во Бразил. Откако е потврдено дека бродот плови кон Шпанија, властите добија дозвола да го запрат и да го пребараат бродот.

По претресот на едреникот, шпанската полиција пронашла 2,7 тони кокаин сокриен во 89 торби. При влечењето на бродот од страна на полицијата кон брегот, тој потонал, што го покажува методот на криминалните организации често да користат стари бродови кои можат да ги купат за релативно ниски цени за да го максимизираат профитот, според шпанската полиција.

Откако Шпанија ја откри дрогата, српската полиција го направи својот потег. Покрај четирите апсења, таа изврши рации во 15 домови, одземајќи 550.000 евра, две возила од висока класа и луксузни часовници. Блокирани се и неколку банкарски сметки и недвижен имот како дел од тековната финансиска истрага.

Во полицискиот извештај се наведува дека оваа операција ефективно ја разбила групата и дека можни се и други апсења.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Седницата за уставни измени ќе продолжи кога ќе се создадат услови

Следно

ЕУ увезува рекордно количество течен природен гас од Русија

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop