ЕУ купува течен руски гас многу повеќе отколку пред војната

August 31, 2023
1 min read

Според новите наоди објавени од Global Witness, организација за заштита на животната средина, помеѓу јануари и јули оваа година, Европската унија купила 21,6 милиони кубни метри руски ЛНГ , што е мал пораст во споредба со истиот период во 2022 година.

Но, кога бројката од 2023 година се мери со истиот период во 2021 година, пред одлуката на Кремљ да води војна со Украина, постои пораст од речиси 40 проценти (39,5%).

„Тоа е е срамен процент за блокот кој жестоко ја осудува инвазијата како нелегална и брутална“, пишува Еуроњуз.

Да биде резилот уште поголем, три земји-членки на ЕУ се меѓу петте главни клиенти на руски ЛНГ во првите седум месеци од оваа година: Кина е прва, но после неа се Шпанија и Белгија, па Јапонија па после неа Франција.

Холандија, Грција, Португалија, Финска, Италија и Шведска исто така се актуелни потрошувачи на руски ЛНГ.

Севкупно, се проценува дека ЕУ годинава купила 52 отсто од целиот руски извоз на ЛНГ, пазарен удел што ја надминува границата од 49 отсто од 2022 година и 39 отсто од 2021 година.

На конто на Русија, за оваа ставка имаат легнато 5,29 милијарди евра од ЕУ, износ што ги доведува во прашање прокламираните напори на блокот да го ослабне Кремљ.

„Купувањето руски гас го има истото влијание како купувањето руска нафта. Додека европските земји ја осудуваат војната, истовремено ги полнат џебовите на Путин“, вели Џонатан Нороња-Гант, активист против фосилни горива во Global Witness.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дела на Киро Урдин изложени во Брисел

Следно

Во несреќа на северот на Италија воз усмрти петмина работници кои ја поправале пругата

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop