Канада цврсто верува дека иднината на С Македонија е во ЕУ и можете да сметате на нашата поддршка, му порача Жоли на Османи

August 30, 2023
1 min read

На прашањето кога Канада ќе воспостави безвизен режим за македонските граѓани, Жоли одговори дека сега сме стратешки партнери со тоа што обезбедуваме поблиска соработка и можеме да најдеме различни решенија за различни прашања

Канада цврсто верува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и можете да сметате на нашата поддршка. Ова е пораката која министерката за надворешни на Канада, Мелани Жоли, ја упати на денешната прес-конференција во Скопје со својот македонски колега Бујар Османи.

„За пристапниот пат кон Европската Унија би сакала да го препознам предизвикот што претстои пред вашата земја. Канада не е членка на ЕУ, но сме блиски пријатели како со ЕУ така и со Северна Македонија. Ние цврсто веруваме дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и можете да сметате на нашата поддршка. Би сакала да ве охрабрам да ги продолжите вашите напори да пристапите кон Европската Унија“,

рече Жоли.

Според неа, Северна Македонија е одлучна и способна, но, како што рече, знаеме дека ниту една земја не може да направи толку колку што може да направи заедно со другите.

Жоли додаде дека Канада и Северна Македонија споделуваат исти вредности, а тоа се владеењето на правото и демократијата.

„Северна Македонија е клучен партнер за Канада и со нетрпение очекувам да ги унапредуваме нашите цели. Северна Македонија е конструктивен партнер, а на домашно ниво земјите споделуваат клучно верување дека диверзитетот, различностите, културните различности се сила и можат да бидат придобивка за зајакнување на меѓусебните односи“,

додаде Жоли.

Канадската министерка рече дека ова е нејзина прва посета на Македонија и додаде дека ова е првпат по 25 години канадски министер за надворешни работи да доаѓа тука и оцени дека ова е историска посета.

Жоли упати пофални зборови за поддршката што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина, како и благодарност до Бујар Османи за неговото лидерство со ОБСЕ.

Министерот Османи рече дека со канадската министерска Жоли имале продуктивна средба на која биле отворени важни прашања.

Министерката Жоли, одговарајќи на новинарско прашање, дали може да се олесни патувањето на македонските државјани во Канада и кога смета дека може да се воспостави безвизен режим со Северна Македонија, рече дека тоа е важно прашање и додаде дека тоа што двете земји се стратешки партнери обезбедува поблиска соработка.

„Можеме да најдеме различни решенија за различни прашања и затоа сум овде за да ги унапредиме односите меѓу Канада и Северна Македонија“,

одговори Жоли.

На прашањето дали може да се очекува повторно отворање канадска амбасада во Скопје, одговараше министерот Османи кој рече дека доколку тоа се случи многу би се олеснила комуникацијата меѓу двете држави.

„Канада нè покрива од Белград и има одличен амбасадор кој е многу проактивен, често е во Скопје и имаме комуникација, но се разбира дека би било големо постигнување во односите меѓу двете држави доколку Канада би отворила амбасада во Скопје, Северна Македонија има амбасада во Отава и тоа многу би ја олеснила комуникацијата и односите меѓу двете држави“,

рече Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како Т-64 стана поважен за контраофанзивата од Леопардите

Следно

Министерката за надворешни работи на Канада во историска посета на Северна Македонија

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop