Над 10 000 места за бруцоши на УКИМ, уписите се денеска и утре

August 30, 2023
1 min read

Најмногу, над илјада места има за студиските програми на Правниот факултет, ФИНКИ и ПМФ

Денеска и утре (30 и 31 август) се официјалните датуми за упис на студенти во прва година на 23-те факултети во состав на најголемиот универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).

Досега идните бруцоши можеа и сè уште можат да се пријават електронски преку системот за студентски сервиси.

Според конкурсот што го распиша УКИМ, оваа академска година слободни се 10 473 места. Од нив, речиси половина – 5 076 се предвидени за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4 439 за редовни студенти со кофинансирање, 960 места се за вонредни студенти, а може да се запишат и странски студенти за кои има утврдено или број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма.

Прелиминарната ранг-листа за примените студенти треба да биде објавена на 4 септември, а на факултетите за кои има приемни испити тие ќе се одржат на 1 септември додека прелиминарни резултати се очекуваат на 6 септември. Конечната ранг-листа, пак, ќе се објави на 11 септември, по што следните два дека е запишувањето на кандидати.

Потоа ќе следува и втор уписен рок кој ќе биде на 18 и 19 септември, а ќе има и трет на 28 септември.

Новата академска година ќе стартува во октомври.

Инаку, од предвидените над 10 000 места за студенти во прва година, најмногу односно над илјада има за студиските програми на: Правниот факултет 1 055 места, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) – 1 150 места и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) – 1 050.

На Филозофскиот факултет, пак, предвидени се 915 места за бруцоши, на Филолошкиот факултет – 775, Медицинскиот – 760, Економскиот факултет – 700, Машинскиот – 600, Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) – 570 итн.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кремљ почна со изборот на противници на Путин

Следно

Милевски кажа што мисли за одлуката на Стефан Ристовски

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop