Маричиќ: Говорот на Шарл Мишел е сериозна пресвртница во политиката на ЕУ кон проширувањето

August 29, 2023
4 mins read

Вицепремиерот за европски прашања во изјава за МИА од Блед вели дека првпат по претходното проширување државите кандидатки имаат временска одредница која официјално лице на ЕУ ја поставува како можен термин за наредно проширување

За потсетување, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во вчерашниот говор на самитот во Блед рече дека до 2030 година двете страни – ЕУ и земјите кандидатки – мора да бидат подготвени за ново проширување на Европската Унија, што беше поздравено со аплауз од присутните. Тој истакна дека ЕУ треба да ги зајакне врските со земјите кандидатки за да стане посилна и побезбедна и затоа, како што нагласи, сега е време да се справиме со предизвикот на проширувањето

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ го оценува говорот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како сериозна пресвртница во политиката на Европската Унија кон проширувањето.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ / Фото: Фејсбук (Архива)

Според Маричиќ, првпат по претходното проширување државите кандидатки имаат временска одредница која официјално лице на ЕУ ја поставува како можен термин за наредно проширување.

„Станува збор за следно проширување со нови членки во 2030 година. Тоа е многу важен сигнал од Европската Унија, кој ние мора да го искористиме. Тоа значи дека сите напори што ги вложуваме сега оваа година, сите напори за кои ни велат дека брзаме, всушност, се оправдани и сакаме да го фатиме возот и да ја фатиме оваа можност што ни се дава и беше соопштена во Блед“,

вели вицепремиерот за европски прашања во изјава за МИА од Блед, каде што заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваат на самитот.

За потсетување, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во вчерашниот говор на самитот во Блед рече дека до 2030 година двете страни – ЕУ и земјите кандидатки – мора да бидат подготвени за ново проширување на Европската Унија, што беше поздравено со аплауз од присутните. Тој истакна дека ЕУ треба да ги зајакне врските со земјите кандидатки за да стане посилна и побезбедна и затоа, како што нагласи, сега е време да се справиме со предизвикот на проширувањето.

„Да, верувам дека вака сега треба да ги нарекуваме земјите со потврдена ЕУ перспектива, идни земји членки. Време е да се соочиме со предизвиците со јасност и искреност. Патот кон ЕУ за Западен Балкан започна пред повеќе од 20 години. Самитот во Солун во 2003 година ја потврди европската перспектива на Западен Балкан. Но, бавното темпо на ова патување во ЕУ разочара многумина. И во регионот… и во ЕУ. Се согласувам со канцеларот Шолц кога вели дека Европа мора да ги исполни своите ветувања. Така што сега проширувањето повеќе не е сон. Време е да се оди напред. За да бидеме веродостојни, верувам дека мора да зборуваме за времето и домашните задачи. И јас имам предлог. Додека ја подготвуваме следната стратешка агенда на ЕУ, мора да си поставиме јасна цел. Верувам дека мора да бидеме подготвени – од двете страни – до 2030 година за проширување. Ова значи дека следниот долгорочен буџет на ЕУ ќе треба да ги вклучи нашите заеднички цели. Ова е амбициозно, но неопходно. Тоа покажува дека сме сериозни“,

истакна во своето обраќање претседателот на Европскиот совет на бледскиот самит.

Тој во својот говор се осврна и на билатералните конфликти од минатото и порача дека нивното решавање може да биде поболно од реформите, но истакна дека е неопходно. Како еден од можните начини тоа да се направи е додавањето на таканаречена „клаузула за доверба“ во договорите за пристапување за да се осигури дека земјите кои штотуку се приклучиле не можат да ги блокираат идните земји членки.

Според Маричиќ, идејата за додавање на ваква одредница за промена на правилата во ЕУ за нови членки е еден вид научена лекција и од Бугарија и од другите држави кои го искористија своето право на вето за да блокираат други држави.

„Имено, целта, она што го образложи претседателот Мишел, на таа нова политика што ја изнесе како идеја е за определен период, временски ограничен, ќе видиме тоа како и колку би се дефинирало, држава членка, која би била новопристапена, нова држава членка во ЕУ да нема право да блокира своја соседна држава за одредени прашања. Тоа ќе биде гаранција, ќе ни влева доверба, надеж на сите држави во регионот дека нивниот сосед којшто би отишол година, две или пет порано во ЕУ од својот друг сосед дека нема да го искористи своето право на вето против соседот“,

вели Маричиќ.

Ветата, како што посочи тој, создаваа голем голем немир во регионот и во самата Европска Унија и удираа директно на нејзиниот кредибилитет.

„На овој начин ќе се обезбеди да не може, која било држава која ќе пристапи на ЕУ, да го блокира својот сосед за да може тој процес да оди недвосмислено и без пречки. Во таа смила и премиерот (на Хрватска н.з.) Пленковиќ рече билатералните прашања да бидат исклучени од преговарачкиот процес за да може тој процес да добие на кредибилност“,

вели вицепремиерот за европски прашања.

Неговата порака е дека духот во кој во моментот работиме како држава и односите што ги имаме со ЕУ да се искористат во наша полза, односно да ги завршиме обврските што ги имаме пред нас и да тргнеме без натамошни пречки во ЕУ.

„Навистина би било жално, во овој момент кога се праќа таков недвосмислен кон Северна Македонија и кон сите држави во регионот, ние да се блокираме самите себеси и да чекаме подобри времиња или да се променат правилата. Ова е доволен сигнал дека работиме се менуваат во ЕУ во поповолен правец за нас и мислам дека што побрзо ги завршиме нашите обврски ќе се најдеме во групата на наредните членки во Европската Унија“,

смета Маричиќ.

Прашан за коментар на делот од говорот на Мишел, каде што претседателот на Европскиот совет вели дека и самата ЕУ ќе треба да се приспособи, Маричиќ вели дека тоа ја истакнува двонасочноста на процесот.

„Тоа е двонасочен процес. Процесот на пристапување бара трансформација кај државите кандидатки, но исто така и приспособување на Европската Унија кон прифаќање на нови членки. Ова повторно произлегува од научените лекции од големото проширување од 2004 година кога со 10 нови членки Европската Унија потешко функционираше од претходно. Бидејќи некои држави како Франција, Холандија, Данска бараат реформи на ЕУ пред новото проширување, сигналот од Шарл Мишел јас го сфаќам како порака тие процеси да течат паралелно за да не се губи време. Реформите во ЕУ и реформите за проширување кај државите членки да течат паралелно и тој процес да се соедини во 2030 година и во 2030 година и државите членки на ЕУ да бидат подготвени да примат нови членки во својот клуб, но и државите кандидатки да бидат целосно подготвени со имплементирани правила на ЕУ за да станат навистина членки коишто ќе придонесуваат за развој на Унијата“,

вели вицепремиерот за европски прашања во изјавата за МИА.

Според него, станува збор за добра план и добар политички сигнал.

„Затоа нашата стратегија за брз влез во ЕУ добива на сила. Тоа ни кажува дека чекањето не е стратегија, дека чекањето е само стратегија што ќе ја испразни државата од млади луѓе и ќе ја убие надежта за ЕУ“,

подвлекува вицепремиерот.


ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претставата „Татко“ на Велешкиот театар го отвора Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Следно

Со 100 првачиња помалку ќе започне новата учебна година во Прилеп

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop