Властите на Нигер ја прекинале испораката на струја и вода за француската амбасада

August 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Воената администрација на Нигер ѝ ги исклучила водата и струјата на француската амбасада во главниот град Ниамеј, а не се дозволува ни испорака на храна за амбасадата, се вели во повеќе јавувања објавени на социјалните мрежи, пренесува Анадолу.

Раководството на земјата презело слични чекори и за францускиот конзулат во Зиндер.

Претседателот на Националниот комитет за поддршка на Националниот совет за заштита на земјата (CNSP), Ел Иса Хасуми Буреима, побара од сите партнери на француските бази во Нигер да ја прекинат сета испорака со вода и електрична енергија, како и прехранбени производи, се наведува во наводите.

Се додава дека сите партнери што ќе продолжат да им помагаат на Французите во процесот на снабдување со стоки и услуги ќе се сметаат за „непријатели на суверениот народ“.

Наводите доаѓаат откако вчера истече дводневниот рок што воената администрација му го даде на францускиот амбасадор да ја напушти земјата.

Во услови на тензии, кои се зголемија во неделите по соборувањето на демократски избраниот претседател на западноафриканската држава, Мухамед Базум, Министерството за надворешни работи на администрацијата му даде на амбасадорот Силван Ите 48 часа „да ја напушти територијата на Нигер“.

Нигер е втурнат во немири од 26 јули кога генералот Абдурахаман Тчиани, поранешен командант на претседателската гарда, предводеше воена интервенција со која беше соборен претседателот Базум.

Франција започна операција на почетокот на овој месец за евакуација на своите граѓани, како и други државјани од Нијамеј.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Следно

СДСМ: Заради криминални дејствија на ДПМНЕ, државата се соочува со плаќање оштети од стотици милиони евра

Latest from Blog

Релативен мир на Ормутскиот теснец, бродовите полека минуваат- САД чекаат одговор од Иран

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во петокот изјави дека Вашингтон очекува одговор во рок од неколку часа. Но, немаше индикации за напорите на Техеран да се изјасни за предлогот, кој формално

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме
Go toTop