Пожарот кај скопско Ајватовци ставен под контрола, се догаснува мал активен крак

August 27, 2023
1 min read

Во утринскиот извештај на ЦУК се додава дека засега нема потреба од поддршка на воздухопловните сили за гасење на пожарот, а се очекува огнените јазици целосно да бидат изгаснати во следните неколку часа

Пожарот што вчера попладне избувна кај скопското село Авјатовци, на територија на општина Илинден, е ставен под контрола и повеќе не се шири, информираат утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Фото: ЦУК

Во утринскиот извештај на ЦУК се додава дека пожарот е сè уште активен на еден мал крак, на чие гаснење работат пожарникарите од скопската противпожарна бригада.

„Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локално население предводени од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски“,

информираат од ЦУК.

Фото: ЦУК

Оттаму додаваат оти засега нема потреба од поддршка на воздухопловните сили за гасење на пожарот, а се очекува огнените јазици целосно да бидат изгаснати во следните неколку часа.

„Голема благодарност до храбрите скопски пожарникари, храбрите доброволци од локалното население кои дадоа голем придонес во гаснењето на овој голем пожар, како и благодарност до храбрите пилоти на полициските хеликоптери и ер-тракторот на ДЗС“.

додаваат од Центарот за управување со кризи.

Во пожарот што вчера попладне избувна во скопско Ајватовци, зафатена беше шума на околу сто хектари.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангелов: Гори релативно мал крак кај Ајватовци, поддршка од воздух не е потребна

Следно

Русија: Украина се обиде да ги нападне регионите Брјанск и Курск со беспилотни летала

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop