На натпревар на средношколци во САД од огнено оружје повредени 4 лица

August 26, 2023
1 min read

ЧОКТО (АА) – Четири лица се повредени од огнено оружје за време на фудбалски натпревар на средни училишта синоќа во Оклахома, соопштија американските власти, известува Анадолу.

По добиената пријава за пукотници на натпревар во Чокто меѓу „Choctaw High School“ и „Del City High School“ околу 22:30 часот по локално време, полицијата пристигнала на местото на настанот, изјави шефицата на полицијата Кели Маршал.

Жртвите со прострелни рани се префрлени во болница.

Најмалку еден од повредените е ученик, рече Маршал.

Бројката на можни учесници во престрелката не е познат, соопшти Маршал.

Лојд Бергер, шеф на полицијата на Дел Сити, изјави дека нивните службеници, кои не биле на должност, биле на натпреварот и го обезбедувале настанот.

Еден од нив пукал, но не е повреден.

„Полицаец на Дел Сити бил вклучен во престрелката“, изјави Бергер и додаде дека канцеларијата на окружниот шериф на Оклахома ќе ја истражи вмешаноста на полицаецот во настанот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цариниците изминатата недела заплениле девизи, козметика, текстил, оружје…

Следно

ИЗЛОЖБА ЗА 20 ГОДИНИ ОД СТРИП САЛОНОТ ВО ВЕЛЕС, НА КОЈ ГОСТИ БИЛЕ ЦРТАЧИТЕ НА „ЗАГОР“, „СУПЕРМЕН“, „БЕТМЕН“, МАНГА

Latest from Blog

Шокантни тврдења од Израел: Каде е иранскиот врховен лидер?

Неименуван израелски безбедносен извор, цитиран од саудиската државна телевизија „Ал-Хадат“, тврди дека иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, „не се наоѓа во Иран“. Моџтаба Хамнеи, кој беше именуван за врховен верски

Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

 Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5. Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа
Go toTop