Османи со дузина свои колеги од светот на Твитер ја „испеа“ украинската химна

August 24, 2023
3 mins read

Станува збор за иницијатива на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, по повод Денот на независноста на Украина, во која се вклучени 13 негови колеги од светот, меѓу кои и Бујар Османи

Шефот на македонската дипломатија во „твитер-изведбата“ на ураинската химна се приклучи со стихот: „Встанем, браття, в бій кривавий від Сяну до Дону“, или во превод на македонски јазик: „Да станеме, браќа, во крвава битка од Сјан до Дон“

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска беше дел од група на 13 свои колеги од светот, кои на социјалната мрежа X, претходно Твитер, ја „испеаја“ или, поконкретно, испишаа по еден стих од украинската државна химна.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи / Фото: Архива

Станува збор за меѓународна иницијатива по повод Денот на независноста на Украина.

За твитер-верзијата на химната и приклучувањето на шефот на македонската дипломатија, преку соопштение на официјалната интернет-страница, информираа и од Министерството за надворешни работи.

Иницијативата, како што велат оттаму, била на украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, која ја поддржале негови колеги од светот, меѓу кои и Османи.

Како иницијатор, токму Кулеба, во твитот објавен денеска попладне, ја почнува нишката од стихови на химната, со првиот кој гласи: „Ще не вмерла України і слава, і воля“.

Македонскиот превод на стихот е:

„Славата и волјата на Украина сè уште не умреле“.

Во објавата тој „тагнува“, односно ги наведува профилите на 13 шефови на дипломатии, меѓу кои и Бујар Османи, кои синхронизирано понатаму се надворзуваат со по еден стих од украинската химна.

Како што може да се забележи од објавата на социјалната мрежа, македонскиот министер за надворешни работи е единствениот од земјите од регионот кој е дел од „твитираната“ верзија на украинската химна.

Меѓу другите се шефовите на дипломатиите на САД – Ентони Блинкен, на Германија – Аналена Бербок, на Франција – Кетрин Колона, и на уште девет други држави кои ја поддржуваат Украина во воената агресија од Русија.

Османи во „твитер-изведбата“ на украинската химна се приклучи со стихот: „Встанем, браття, в бій кривавий від Сяну до Дону“, или во превод на македонски јазик:

„Да станеме, браќа, во крвава битка од Сјан до Дон“.

Стихот на Османи со оние на неговите колеги од Шведска и од Велика Британија

Од Министерството за надворешни работи велат дека ова е „уште еден симболичен гест кој ја потврдува поддршката што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина за заштита и одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет кој е под напад на руската воена агресија“.

Во знак на поддршка, од МНР потсетуваат дека вчера беше поставено и украинското знаме во чест на Денот на државното знаме на Украина.

Претходно денеска, во друга објава на Твитер, украинскиот министрер за надворешни работи го честита Денот на независноста на земјата и по тој повод напиша:

„Среќен Ден на независноста на Украина на сите Украинци во Украина и низ светот! Без разлика дали сте во Европа, Северна или Јужна Америка, Азија, Африка, Австралија или на Блискиот Исток, вие сте дел од Украина. Заедно се бориме за она што е највредно. Нашата независност добиена во битка“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата честитка по повод 32-годишнината од независноста на Украина, објавена на неговиот фејсбук-профил, напиша дека денеска е празник на слободните и на силните луѓе.

„Празник на луѓето со достоинство. Празник на еднаквите. Украински мажи и жени. Сите тие. Во целата наша држава. Ова е вредност за секој од нас. И за ова се бориме. И сите се важни во оваа борба. Затоа што ова е борба за нешто што е важно за секого. Независна Украина“,

напиша Зеленски.

Денот на независноста беше одбележан и во Скопје, со марш кој започна од споменикот „Тарас Шевченко“ во паркот „Жена борец“, а заврши со интонирање на украинската химна пред „Алеја на Украина“.

Одбележувањето во Скопје го организираа Амбасадата на Украина и Здружението на Украинци „Лесја Украинка“.

Пред „Алеја на Украина“ обраќање имаше украинската амбасадорка Лариса Дир, која се заблагодари за помошта што Северна Македонија ја дава за Украина и додаде дека Украинците го бранат своето право на живот, суверенитет, територијален интегритет, како и универзалните човечки вредности.

На одбележувањето пред „Алеја на Украина“ обраќање имаа и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.

По повод Денот на независноста на Украина беше поставена и изложба со цртежи од украински деца насловена „Децата на војната“, а чии мотиви се запирање на војната.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Невреме во Градско, паднато дрво на стариот пат

Следно

Пуштен во употреба нов спортски терен во Ченто

Latest from Blog

„Нож и виљушка на европска чинија“: Европска атмосфера со македонски дух на 9 мај во Паркот на Франкофонијата

Скопје, 6.05.2026 – Паркот на Франкофонијата на 9 мај ќе биде отворена градска сцена на која европската култура ќе се сретне со македонската традиција, музика, вкусови и препознатлива дружељубивост. Под симболиката на

Тоневски: Размената со Кајсери носи нови знаења и искуства за учениците од Пробиштип

Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски денес им посака добредојде на наставници и ученици од Кајсери, кои престојуваат во градот во рамки на Еразмус+ програмата за размена на знаења, искуства и култури. Гостите

Проданоски: Почна обновата на клучниот водоводен цевковод во Прилеп

Во Прилеп започна реализацијата на значаен инфраструктурен проект за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифоски“, информираше градоначалникот Дејан Проданоски. Проектот се реализира со поддршка на Владата, преку Министерството за животна

НАПАД ВО ОРМУЗ – Француски товарен брод претрпе штета, има повредени

Француската бродска групација CMA CGM, третиот најголем оператор на контејнери во светот, потврди дека нивниот брод „Сан Антонио“ бил цел на напад при преминот низ стратешкиот Ормутски Теснец. Во инцидентот, кој се
Go toTop