Трамп реши да не оди на дебата

August 23, 2023
1 min read

„На новата анкета на Си-би-ес која само што е објавена, водам пред сите со ‘легендарни’ бројки… И ЗАТОА НЕМА ДА УЧЕСТВУВАМ НА ДЕБАТИТЕ,“ напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушал.

Стратешката позадина на одлуката на Трамп е да не им дозволи на другите кандидати да ќарат нешто внимание на негова сметка, и второ, и уште поважно, да го понижи Фокс њуз, кој е домаќин на дебатата.

И пред анкетата на Си-би-ес на која се повикува, Трамп со недели разговара со  советниците и јавно со симпатизерите што доаѓаат на неговите митинзи, дали да се појави на дебатата „и одговорот убедливо е да ја прескокне“.

Трамп наводно веќе седнал на разговор со поранешниот водител на Фокс њуз, Такер Карлсон, и планот му е снимката да биде објавена отприлика во исто време кога е закажан преносот на дебатата. Разговорот со Карлсон е посебно тежок за Фокс имајќи предвид дека тој се уште е под договор со телевизијата и таа уште го плаќа, и покрај тоа што неговото шоу беше укинато.

Тој размислувал и во последен момент да упадне на дебатата, и со тоа покривањето на дебатата да се фокусира на него, а не на одговорите што ги дале другите кандидати.

Една од опциите што се разгледувала е и Трамп да го договори своето предавање на властите во Џорџија, каде има покренато обвинение против него, во исто време со дебатата. Процената е дека предавањето ќе се случи утрото по дебатата и на тој начин ќе се задуши известувањето од првиот судир на републиканските кандидати.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведен крадец во Скопје

Следно

Kryetari i Butelit Kostovski: ASKUSH NUK ËSHTË MBI LIGJIN!

Latest from Blog

„Tензиите меѓу Индија и Пакистан не ги засегаат САД“, изјави Венс, потпретседателот на САД

АНКАРА (АА) – Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, изјави дека зголемените тензии меѓу Индија и Пакистан „не ја засегаат“ неговата земја и дека САД нема да се мешаат во ситуацијата, известува Анадолу.

Мицкоски по повод 9 мај – Денот на Европа: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 9 мај – Денот на Европа. Како што вели, денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. „Нека ни

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот
Go toTop