Белорускиот министер за одбрана: Белорусија доверливо ја штити Русија од евентуален напад на НАТО

August 18, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Белорусија порача дека доверливо ја штити Русија од евентуален напад на НАТО, објави државната новинска агенција Белта, пренесува Анадолу.

„Братската земја Русија, која спроведува „специјална воена операција“ во Украина, е во првите редови во борбата против неонацизмот. На своја територија Белорусија доверливо ја штити Русија од напад на НАТО во грбот на Русија. Тоа е најважната област на работа за нас“, рече министерот за одбрана Виктор Хренин на седницата на вториот Меѓународен антифашистички конгрес во Минск.

„Во исто време Белорусија прави многу за спротивставување на рехабилитацијата на нацизмот и пропагирањето на неофашизмот, за зачувувањето на историската меморија за херојството на Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна“, додаде тој.

Хренин истакна дека е неопходно да се обедини меѓународната заедница за „објективна проценка на настаните што се случуваат во земјите каде што се оживува фашистичката идеологија“, со цел да ги спречи.

„Имајќи ја предвид ескалацијата на воените подготовки во светот и охрабрувањето на нови земји да се приклучат кон неофашизмот, препорачливо е да се предложи претставниците на политичките партии, јавните организации и движења да се обединат во единствен меѓународен антифашистички фронт“, порача Хренин.

Белорусија е сојузник на Русија, која започна „специјална воена операција“ за „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Доста е чмаење 30 години, граѓаните очекуваат одлука за својата европска иднина

Следно

ВИДЕО: Опозицијата негодува откако Џафери ја прекина седницата!

Latest from Blog

Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра

Општина Прилеп во партнерство со Владата и ресорните министерства реализира 18 проекти поддржани со околу 12 милиони евра, информираа од ВМРО-ДПМНЕ пренесувајќи ја изјавата од прес-конференцијата на градоначалникот Дејан Проданоски. Според изнесените

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев
Go toTop