СЗО: Пријавени неколку случаи со варијантата на коронавирусот BA.2.86 во неколку држави

August 18, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Светската здравствена организација (СЗО) го ажурира статусот за BA.2.86, варијанта на коронавирусот, како „варијанта под надзор“ поради големиот број мутации, јавува Анадолу.

СЗО го објави најновото соопштение за BA.2.86 варијантата на КОВИД-19.

„Досега се пријавени само неколку случаи на оваа варијанта во неколку држави“, се наведува во соопштението.

Се додава дека се потребни повеќе податоци за да се разберат подобро оваа варијанта и степенот на нејзиното ширење. Во соопштението се истакнува дека варијантата BA.2.86 има голем број мутации.

Во моментов СЗО следи три варијанти на КОВИД-19 што мора да бидат под надзор, како и седум варијанти на коронавирусот што се на опсервација.

Во соопштението се нагласува дека КОВИД-19 сè уште се шири и мутира, поради што е повторен апелот на СЗО до земјите за подобро следење и известување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Калеска-Ванчева: Очекувам во Собранието да дискутираме со аргументи за нешто што е клучно за иднината за државата

Следно

Почна седницата за уставни измени, утврден дневниот ред

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop