Кина демантира дека се обидела да преземе американски технолошки податоци

August 18, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кинеското Министерство за трговија ги отфрли тврдењата дека незаконски презема американски технолошки податоци откако администрацијата на Бајден минатата недела издаде извршна наредба за ограничување на американските инвестиции во индустриите за напредна технологија во Кина, јавува Анадолу.

Демантирањето на кинеското Министерство за трговија следува по јавувањата во медиумите за неодамнешното сослушување одржано во Претставничкиот дом на САД на кое одредени политичари тврдеа дека Кина презема американски технолошки податоци и интелектуална сопственост „со сила“ за да им помогне на кинеските компании да ги заменат американските.

Како одговор, портпаролот на Министерството за трговија, Шу Џутинг, изјави дека таквите наводи се лажни, објави пекиншкиот весник „Глобал тајмс“.

Суштината на економската и трговската соработка меѓу Кина и САД е од заемна корист, а за Кина добредојдени се компаниите од сите земји, вклучително и американските компании, да успеат во нивниот развој во Кина и се стреми да создаде пазарно ориентирана и средина што се заснова врз закони и интернационализирано деловно опкружување за сите видови компании, истакнува Шу.

Извршниот налог на претседателот Џо Бајден беше критикуван и од кинеското Министерство за надворешни работи, кое рече дека тоа не е во согласност со кинескиот закон за странски инвестиции.

САД треба да ги третираат кинеските компании праведно и правично и да им овозможат еднаков третман во трговската и инвестициската соработка во САД, додаде Шу.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што Курти ќе го продолжи

Следно

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Latest from Blog

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop