Обилни врнежи од дожд предизвикаа поплави во Јужна Германија

August 18, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Обилните врнежи од дожд во Јужна Германија предизвикаа големи поплави во покраината Баварија, јавува Анадолу.

Интензивните врнежи и силните ветрови во градот Нирнберг и неговиот околен регион предизвикаа значителна штета, има соборени дрвја и паднати ќерамиди, се вели во соопштението на полицискиот оддел на Мителфранкен.

Подрумите, подземните гаражи и голем број улици и подвозници се поплавени од надојдените води.

Неколку возила останаа заглавени во поплавените подвозници, а многу автомобили се блокирани на поплавените патишта.

Фотографиите објавени во локалните медиуми покажуваат како спасувачки тимови со чамци на надувување помагаат во итни случаи.

Во различни делови на Нирнберг имаше прекини на електричната енергија, а делумно е затворен и автопатот А73.

Германската железничка компанија „Дојче Бан“ пријави прекини во железничките услуги поради неповолните временски услови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(АУДИО) Обвинителите го отфлиле, како беспредметно, германското вештачење за пожарот во модуларната болница во Тетово

Следно

Ал Хилал договори соработка со Боно

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop