Граѓаните алармираат: Пукната е челичната сајла на жичницата од Тетово до Попова Шапка

August 17, 2023
1 min read

Сајлата од жичницата Тетово – Попова Шапка на неколку места е распукана или пак се повеќе се спушта до земјата блиску до патиштата, објекти и шумата. Граѓаните кои ја забележале оваа појава алармираат дека поради ваквата состојба на ова километарско челично јаже може да предизвика некој опасност по луѓето, но и по објектите.

– Сајлата е оштетена и постои опасност да се искине. Бидејќи сајлата е затегната, мора да помислиме на тоа како би изгледало, како на пример доколку нешто како затегнат ластик, кој доколку се искине знаеме што се случува. Би можел да додадам дека е изградена помеѓу периодот 1962 до 1965 година. Стара е веќе над 60 години. Тоа е челична сајла, обложена е со тие челични влакна што се околу нејзе и „кошулицата“ е оштетена. Така покрај жичарава каде што се поставени столбовите во моментот има две села и објекти каде што се близу жичарницата и останува само прашање што се може да се случи доколку сајлата се искине, изјави Надир Мурсели, алпинист со големо искуство и во спасувачки операции на планина.

На неколку места сајлата е толку спуштена што е прашање на време кога некое повисоко возило како автобус или камион би го допреле ова челично јаже.

– Другите недостатоци се дека таа на повеќе места се спушта и како што можевте да видите на тоа се повеќе места од патот што води кон Тетово-Попова Шапка. И тоа е еден проблем доколку се спушти скроз сајлата до патот, нема да можат коли да поминуваат како и да се стигне до селата. Големите возила доколку не постои внимателност дека постои таква опасност како што се камиони, автобуси може да биде опасно, потенцира Мурсели.

Во управата на ЕЛЕМ Турс која раководи со ски-центарот Попова Шапка велат дека жичарницата е во нивна надлежност и се во тек со состојбата.

– Од страна на техничко одговорно лице се олабавува сајлата одвреме на време за да не се скине сајлата па да направи посериозни проблеми. Реално тоа треба да се отстрани целосно од столбовите. Наша надлежност е да се тргне. Ќе видиме, имаме во план, работиме на тоа да направиме некоја постапка за да ја отстраниме целосно сајлата. Баравме да се направи увид од техничка инспекција за да имаме насоки и ќе исконтактираме со инженерите од Машински факултет коишто ни прават испитувања и за другите жичарници. Да ни дадат конкретно некоја насока што да преземеме за да можеме да ја отстраниме. Тоа е стара и огромна сајла и треба да се преземат чекори поради безбедност за да може да се отстранат. Не можам да кажам конкретно време но имаме сознание за тоа, преземаме чекори што се во наша надлежност, изјави Адем Авзиу, управител на ЕЛЕМ Турс.

Жичницата Тетово-Попова Шапка е со должина од околу 6,5 километри. Возењето во т.н. воздушни гондоли за четири лица траеше 40 минути, со капацитет од 400 луѓе на час.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Општина Зелениково постави нови автобуски постојки

Следно

Украина ги продолжува воената состојба и општата мобилизација за уште 90 дена

Latest from Blog

„Марив“: Израел врши притисок врз САД за копнена операција врз Иран

Весникот наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници се за воена ескалација, оценувајќи оти евентуален договор во оваа фаза претставува „јасна победа на Иран“. Неименуван израелски безбедносен извор тврди дека

Мицкоски утре на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”

Утре, 02.04.2026 година (четврток), во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2” на граничниот

Мицкоски бара да се отворат сите прашања за 27 април, СЈО и работата на обвинителите

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка

„Цела ноќ око не склопив, Италија е во тага“

Фото: https://www.figc.it/ Италија повторно нема да игра на Светско првенство, беше елиминирани после пенали од Босна и Херцеговина во Зеница. „Цела ноќ око не склопив, сè уште не можам да поверувам што
Go toTop