Путин очекува интеграција на пактот АУКУС во НАТО

August 15, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за интеграција на пактот АУКУС во воената алијанса на НАТО за доминација на Западот во азиско-пацифичкиот регион, јавува Анадолу.

Обраќајќи се на 11-та Московска конференција за меѓународна безбедност преку видеоврска, Путин рече дека западните земји се спротивставуваат на формирањето мултиполарен свет користејќи стари и предизвикувајќи нови конфликти за да се спречи појавата на нови центри на моќ.

„Целта на оние што го прават ова е очигледна: да продолжат да имаат корист од човечките трагедии, да ги спротивставуваат народите, да ги принудуваат државите на вазална послушност во рамките на неоколонијалниот систем, безмилосно да ги искористуваат нивните ресурси“, рече тој.

„Членките на НАТО продолжуваат да развиваат нов офанзивен потенцијал додека го уништуваат постојниот систем за контрола на вооружувањето, ја прошируваат областа на конфронтација и користат воени и невоени средства за притисок“, изјави рускиот претседател.

Тој истакна дека САД се обидуваат да го реформираат системот на меѓудржавна интеракција што се разви во азиско-пацифичкиот регион за да ја прошират својата контрола врз регионот.

„Промоцијата на таканаречените индопацифички стратегии има цел да создаде воено-политички здруженија под контрола на Вашингтон. Не исклучуваме дека тоа води до целосна интеграција на силите на НАТО со структурите на блокот АУКУС“, изјави тој.

На 15 септември 2021 година САД, Велика Британија и Австралија го објавија формирањето на АУКУС, трилатерален безбедносен пакт, според кој Канбера ќе добие подморници на нуклеарен погон.

Путин рече дека конфликтите во светот, вклучително и Мали и Украина, „потекнуваат од геополитичките авантури, себичните неоколонијални акции на Западот“.

Рускиот претседател, сепак, посочи дека меѓународната заедница може да ја намали конфронтацијата на глобално и регионално ниво, да ги неутрализира предизвиците и ризиците и да ја зајакне довербата.

„Ние бевме и остануваме цврсти поддржувачи на мултиполарниот светски поредок заснован врз приоритетот на нормите и принципите на меѓународното право, суверенитетот и еднаквоста на државите, креативната соработка и довербата“, нагласи тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Стоилковски: Ако Ковачевски лаже и се крие за промена на име на улица, што можеби сокрива од ветувањата кон Софија?

Следно

Владата ќе одржи седница

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop