Украина: Руската војска изведе ракетни напади на Лавов, Дњепропетровск, Волин и Черкаси

August 15, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Русија во текот на ноќта извела ракетни напади врз Лавов, Дњепропетровск, Волин, Черкаси и други региони во Украина, јавува Анадолу.

Началникот на Воената управа на Област Лавов, Максим Козински, во објавата на својот профил на социјалните мрежи рече дека Русија во текот на ноќта извршила ракетен напад врз тој регион.

Тој додаде дека парчиња од проектилот паднале врз два стана во градот Лавов.

„Во тие домови избувна пожар, има голема штета, луѓето се евакуирани. Има повредени, но нема информации за загинати“, истакна Козински.

Началникот на Воената управа на регионот Дњепропетровск, Сергеј Лисак, исто така, на социјалните мрежи објави дека избувнал пожар во трговски објекти во градот Днипро и дека две лица биле ранети во руските ракетни напади.

Лисак истакна дека во тој регион биле соборени седум крстосувачки проектили.

Началникот на Воената управа на Волинска Област, Јуриј Погуљајко, истакна дека руска ракета погодила продавница во градот Луцк, додавајќи дека во нападите загинале три лица, а неколкумина ранети се однесени во болница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: За шест години ја зголемивме просечната пензија за 40%

Следно

Два натпревари суспензија за тренерот Чави и Рафиња

Latest from Blog

ШПАНИЈА ГОРИ, КОЈ ЈА ОСТАВА ДА ИЗГОРИ? Мадрид имал време да најде европски замени за руските авиони – парите биле потрошени за Украина

Европската комисија и Урсула фон дер Лајен одбиле да ѝ дозволат на Шпанија да користи руски хеликоптери Ка-32 за гаснење нa шумските пожари. Ваквата одлука дошла поради тоа што ваквите хеликоптери биле

“БОМБА“: И Барса се вклучува во трката по Родри!!!

Уф, каква “бомба“ денеска лансираат медиумите во Шпанија, поточно во Каталонија! Апсолутно сите релевантни инсајдери од фудбалскиот пазар се убедени дека Родри ќе стане нов член на Реал Мадрид, но сега доаѓа

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЌЕ СЕ ДЕПОРТИРААТ МИГРАНТИТЕ ОД ЕУ – Само една држава примател е од нашиот регион

Се прочистува и финализира списокот на држави во кои ќе се депортира “вишокот“ мигранти од Европската унија, пред се оние дојдени од Азија и Африка. На состанокот на Советот на ЕУ на
Go toTop