Украина: Во руски воздушни напади врз Одеса повредени три лица

August 14, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Најмалку три лица се повредени, а неколку цивилни згради се оштетени, меѓу кои и станбени згради и образовни институции, во воздушните напади на руските сили што се случија пред зори денес врз градот Одеса во јужна Украина, јавува Анадолу.

„Државната служба за вонредни состојби спроведе операција за пребарување и спасување во Одеса, извлекувајќи три повредени лица од урнатините, сите вработени во супермаркет што беше погоден од непријателско гранатирање“, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко на Телеграм.

Тој додаде дека се оштетени станбени згради, образовни институции, автомобили, аптека и студентски дом на високообразовна институција.

Гувернерот на Одеса, Олех Кипер, на Телеграм изјави дека штетата на супермаркетот и другата инфраструктура е предизвикана од руски ракети соборени од украинските системи за противвоздушна одбрана.

„Ударниот бран ги скрши стаклата на неколку згради и оштети автомобили паркирани во близина. Пожари избувнаа во три згради. Сите надлежни служби се на терен“, додаде Кипер.

Тој тврди дека на ова подрачје биле извршени три брана напади при кои биле соборени вкупно 15 дронови и осум ракети „Калибар“.

Во соопштението на украинското воздухопловство на Телеграм се наведува истиот број соборени дронови и проектили, како и дека претходно во текот на денот рускиот хеликоптер Ка-52 бил уништен од противвоздушни ракетни единици во правец на Бахмут во областа Доњецк.

Руските власти сѐ уште не ги коментирале нападите.

Според податоците на Обединетите нации, во војната меѓу Русија и Украина, што започна во февруари 2022 година, загинале повеќе од 9.300 цивили, а над 16.600 се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УТРЕ ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ –доколку излегувате од дома не заборавајте да си понесете и чадор!

Следно

Кепа Аризабалага е нов голман на Реал Мадрид

Latest from Blog

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop