Воената хунта во Нигер вети дека ќе му суди на поранешниот претседател за велепредавство

August 14, 2023
1 min read

ДАКАР (АА) – Воената хунта на Нигер истакна дека ќе го гони соборениот претседател Мухамед Базум за велепредавство и поткопување на внатрешната и надворешната безбедност на земјата, пренесува Анадолу.

Изјавата ја прочита полковникот Амаду Абдрамане, портпарол на Националниот совет за заштита на земјата (CNSP), групата војници што ја презедоа власта откако го приведоа Базум.

„Нигериската Влада собра доказ за кривично гонење на соборениот претседател и неговите локални и странски соучесници пред надлежните национални и меѓународни тела за велепредавство и поткопување на внатрешната и надворешната безбедност на Нигер“, се вели во изјавата.

Се истакнува дека лобија поврзани со некои западноафрикански политичари ширеле лажни вести за „преодната влада“.

Исто така истакнато е и незадоволството на хунтата поради солидаризацијата на одредени елементи на меѓународната заедница со „соборените владини функционери“.

На 26 јули, група војници прочитаа изјава на нигериската државна телевизија кратко по приведувањето на претседателот Базум, истакнувајќи дека го презеле тој чекор поради „влошената безбедносна ситуација и лошото владеење“.

Базум беше избран во 2021 година во првата транзиција на демократската моќ во Нигер откако се стекна со независност од француската колонијална власт во 1960 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и топло, ќе дува и слаб ветер

Следно

Челси го купи Каиседо за 115 милиони фунти

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop