Пензионерите утре на протест во Скопје

August 13, 2023
1 min read

Пензионерите се жалат дека сојузот на Станка Трајкова им ги укинува автобусите за утрешниот протест. Велат дека вчера и денеска во општинските здруженија се јавувале луѓе од сојузот за да им прават притисок да не протестираат. Во дел од градовите пензионерите сами барале донатори за да им обезбедат превоз до Скопје.

„Неколку најави имаме дека биле повикувани и им биле откажувани автобусите бидејќи автобусите треба да ги обезбеди здружението на пензионери. Има фонд, има членарина и сето тоа. Но, под разни политички и партиски притисоци на некој му беше одземено тоа право, но ние сепак најдовме и донатори. Дали градоначалници, дали некои фирми, успеавме да организираме 30 автобуси. Имав информација за Свети Николе дека сојузот им ги укинал автобусите, но поради притисокот на членството, повторно им се вратени.“ – Драган Угриновски, иницијативен одбор на пензионерите

Протестот ќе го започнат во 11 часот пред просториите на сојузот и таму ќе го предадат писмото со нивните барања. Оттаму ќе се упатат пред министерството за труд и социјала каде ќе бараат итна средба со министерката. Според проценките, утре во Скопје треба да дојдат околу 2 илјади пензионери од повеќе градови.

„Одиме од Велес некаде над 100 пензионери. Најголемиот дел ќе бидеме со веќе обезбеден превоз од здружението на пензионери. Што да кажеме, жално е ова што пензионерите во 21 век се принудени да одберат еден начин кој е најмалку популарен кај граѓаните. Велешаникако и секогаш ќе бидат сплотени и здружени на протестниот собир во Скопје“ – Кире Василевски, организатор од Велес

Од владејачката СДСМ, пак, велат дека се грижат за пензионерите.

„СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи постојано презема мерки и решенија за унапредување на животниот стандард на пензионерите. Од 2011 година па до денес просечната пензија е зголемена за 80 отсто. Во 2016 година последната година на режимот просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а денес во 2023 година таа изнесува 19.106 денари, што е покачување од 40 отсто во време на мандатот на владите предводени од СДСМ. За постојан и навремен раст на пензиите, СДСМ заедно со пензионерите донесе нова методологија со која пензиите се зголемуваат на секои шест месеци.“ – Љатифе Шиковска, пратеничка на СДСМ

Пензиите во септември треба да се покачат за над 6% согласно новиот модел на пресметка. Пензионерите се незадоволни и бараат линеарно покачување од 3.500 денари за сите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Промоција на „Единствен матичен број“- новиот роман на Лидија Димковска

Следно

Капитенот Ристовски се повлече од репрезентацијата поради недоразбирањата со селекторот (ФОТО)

Latest from Blog

Сите плажи на Охридско-струшкото крајбрежје да ангажираат спасители на вода за претстојната сезона

Угостителските објекти во туристички Охрид безбедносно се подготвуваат за летната сезона. Зголемен е бројот на угостители кои периодов побарале обуки за ново вработените и сезонците за давање прва помош и за евакуација

Германија го поддржува повикот на Трамп за 30-дневен „безусловен“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина

БЕРЛИН (АА) — Новиот германски канцелар Фридрих Мерц денес изрази поддршка за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за 30-дневен „безусловен“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, известува Анадолу. Зборувајќи на

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот
Go toTop