Франција: 3 загинати, 21 повреден во пожар во петкатна зграда

August 13, 2023
1 min read

Како резултат на пожар во зграда во Приморските Алпи, што се наоѓаат во јужниот дел на Франција, загинаа 3, а повредени се 21 лице, пренесува Анадолу.

Според веста на „Радио Франс“, пожарот избувнал во утринските часови во 5-катница во градот Грас.

Во пожарот животот го загубиле 3 лица, додека 21 лице се повредени, од кои тројца со потешки повреди.

Пожарот е ставен под контрола по интервенција на 50-ина пожарникари кои пристигнале во подрачјето со 17 возила.

Зградата во која избувна пожарот и околните објекти превентивно се евакуирани.

Во меѓувреме, започна истрага за пожарот, чија причина сѐ уште не е разјаснета.

На 9 август, 11 лица ги загубија животите, заробени од пожар во летна резиденција каде што лица со посебни потреби и нивните придружници престојуваа во градот Колмар во регионот Алзас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЕЛАТА ОД СКУЛПТОРСКИТЕ РАБОТИЛНИЦИ ОД 2020 И 2021 УШТЕ НЕ СЕ ПОСТАВЕНИ ВО ВЕЛЕС

Следно

Италијанскиот селектор Манчини поднесе оставка

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop