Закажана лицитација за дел од одземениот имот на Мијалков – се продаваат станови, земјиште и плац

4 mins read

Лицитацијата за конфискуваниот имот на ексдиректорот на УБК во случајот „Империја“ ја спроведува Агенцијата за управување до одземен имот, која на својата интерент страница го објави огласот на кој се понудени дел од недвижнините на Мијалков. Огласот, кој е објавен на 9 август, ќе трае 15 дена, а рокот за поднесување на пријавите од заинтересираните понудувачи ќе трае до 23 август до 14 часот. Лицитацијата, односно јавното наддавање е закажано за 25 август и ќе се спороведе по електронски пат, преку системот за електронско наддавање на Агенцијата за одземен имот

Вкупната вредност на недвижниот имот, за кој ќе се лицитира кон крајот на месецов, е нешто повеќе од половина милион евра

Два стана во Охрид, плац на Кожуф, земјиште во Моранми, Општина Студеничани крај Скопје е дел од одзменениот имот од ексшефот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков во случајот „Империја“, кој оди на лицитација.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Ексдиректорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), сега Агенција за национална безбедност (АНБ) / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лицитацијата ја спроведува Агенцијата за управување со одземен имот, која на својата интерент страница го објави огласот на кој се понудени дел од конфискуваните недвижнини на Мијалков.   

Огласот, кој е објавен на 9 август, ќе трае 15 дена, а рокот за поднесување на пријавите од заинтересираните понудувачи ќе трае до 23 август до 14 часот.

Лицитацијата, односно јавното наддавње е закажано за 25 август и ќе се спороведе по електронски пат, преку системот за електронско наддавање на Агенцијата за одземен имот – www.odzemenimot.gov.mk.

Понудивачите, како што е наведно во огласот, ќе имаат 15 минути да ги кажат понудите на лицитациите кои ќе одржат сукцесивно во период од еден час од едно до друго наддавање, почнувајчи од 9 часот на 25 август.

Во меѓувреме од објавувањето на огласот до неговото заклучување се закажани и датуми на кои заинтересираните ќе моѓат да ги разгледаат недвижностите.

Според огласот од одземениот имот на Мијалков понудени се два стана во Охрид, од кои едниот со површина 65 метри квадратни, чија вредност од Бирото за судски вештачења е проценета на 5 775 234 денари или околу 94 илјади евра. Другиот стан, кој е во иста зграда е поголем, со повшина од 114 метри квадратни и е проценет на 9 032 505 денари (околу 147 000 евра). Земјштетот од 56 818 метри квадрантни кај Морани во Општина Студеничани е со почетна вредност од 17 045 421 денат или околу 277 000 евра, додека плацот кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадрантни и проценето на 29 686 денари или нешто помалку од 500 евра.

Принтскрин од дел од огласот за продажба на одзменеиот имот на Мијалков / Извор: Агенција за управување со одземен имот

Вкупната вредност на недвижниот имот одземен од Мијалков во случајот „Империја , за кој ќе се лицитира кон крајот на месецов е нешто повеќе од половина милион евра.

Во делот од огласот за условите за продажба е наведено кој има право да учестува на јавното наддавање.

„Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба“

Заинтересинарите, исто така, како услов за учество на јавното надавање, ќе мора да положат гаранција во висина од 10 отсто од утврдената вредност на некоја од недвижностите.

„Јавното надавање нема да се одржи доколку се јави само еден понудувач“,

стои во огласот.

Дека недвижниот имот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, конфискуван со спогодбата за случајот „Империја“, наскоро оди на лицитација, Агенцијата за управување со одземен имот соопшти неодамна. Информацијата беше објавена во Извештајот по повод сто дена од работата на новиот директор на Агенцијата, Дритон Небиу.

  „За неколкуте мошне актуелни случаи за конфискација, веднаш преземав иницијативи со дадена поддршка и соработка од министерот за правда, г-дин Кренар Лога, и преземавме активности за нивно обелоденување и што поскоро нивно извршување. Имено, станува збор за: случајот ‘Империја’ во врска со имотот на Сашо Мијалков; случајот ‘Труст’ или познат меѓу народот како ‘Трансмет’ и случај ‘Бачило’ или познат како Иснифарис Џемаили. Конфискуваниот имот на Сашо Мијалков за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата ќе го изработи согласно законот и по согласност на Владата“,

беше наведено во Извештајот.

Актуелниот директор, Небиу, исто така, на почетокот на минатиот месец во изјава за ТВ 21 рече дека вредноста на запленетиот имот на Сашо Мијалков е околу 14 милиони, или попрецизно 14 144 000 евра.

Инаку, оваа сума што ја соопшти директорот е двојно помала од првичната која ја најави Обвинителството во времето на Вилма Русковска.

Проценката на недвижниот имот конфискуван од Мијалков, на што работеа Агенцијата за управување со одземен имот и Бирото за судски вештачења заврши кон крајот на февруари годинава.

Тогаш „360 степени“ врз основа на официјални податоци од Агенцијата, објави дека станува збор за имот со проценета вредност од околу 15 милиони евра, што не е ни приближно блиску до 30 милиони, колку што првично соопшти Обвинителството дека вреди она што му се одзема на Мијалков во спогодбата со која призна вина.

Тогаш објавивме и дека покрај недвижниот имот, на Мијалков му се одземени и 350 илјади евра во акции и околу 6,1 милиони евра готовина.

Планот на Агенцијата за управување со одземен имот е конфискуваното од Мијалков да почне да се продава, а парите да одат во државната каса.

Разликата е што наместо најавените 30 милиони, приливот од недвижниот имот ќе биде двојно помал.

Инаку, случајот „Империја“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство уште во 2018 година, за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во истрагата беа опфатени 19 лица, но дел од нив во меѓувреме признаа вина и се спогодија со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за дел постапката беше прекината поради застарување, а за дел имаше решенија за запирање на постапката.

Спогодба постигнаа седуммина, меѓу кои најзвучни се имињата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и бизнисменот Јордан (Орце) Камчев.

Покрај запленетите имот, акции и готовина, Мијалков доби и тригодишна казна за случајот „Империја“.

Пред да биде упатен на издржување на казната, тој ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, што му овозможи да оди во затворот во Струга кој е од отворен тип.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Објавени плакатот и промотивното видео за Струшките вечери на поезијата

Следно

БиХ: Во пукање во Градачац убиени три лица, убиецот изврши самоубиство

Latest from Blog