Таравари за 20%: Сега е доцна! – „Зошто Меџити, Ибрахими и Зендели не излегоа кога беше време?!“

August 10, 2023
1 min read

реклама



Првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вели дека немаат проблем да ја напуштат Владата доколку тоа го побара ВМРО-ДПМНЕ во замена за гласање за уставните измени.

„Ако излезе некој што е важен за уставни измени, на пример ВМРО вели Алијанса треба  да излезе од Владата, ние ги гласаме. Алијанса целосно ја напушта Владата, не утре, денес. Нека побараат, нека направат проширена Влада, нека се изгласаат уставните амандмани, нека се распишат изборите, да одиме на избори“, истакна Арбен Таравари.

реклама

Таравари е оптимист дека може да се направат измени, но додава дека тоа никој не може да го гарантира. Тој тврди дека има комуникации и сигнали со претставници на ВМРО-ДПМНЕ. А во случај да не успеат измените, се наведува дека АА во собранието ќе се посвети на бришење на 20% за Албанците! Ги критикуваше албанските политичари кои сега го креваат гласот за бришење на 20%, а не прозбореа кога беше време!

„ Не можете повеќе да ја менувате рамката. Зошто тогаш Изет Меџити не стана, да каже не гласам за тоа затоа што не го ставивте во рамката. Зошто Беса, Фадиљ Зендели, дека другиот заменик веќе не е со Беса, зошто не стана, затоа што го гледам Фадиљ Зендели доста активен, дали треба да стане и да каже не гласам за тоа, бидејќи во оваа рамка не се ставени 20%. Дури ни Зеќирија Ибрахими не застанува, да му кажам на Зеко, требаше лани, тогаш беа тројца-четворица пратеници, вие бевте во Владата. Требаше да им каже на овие пратеници да не гласаат за оваа рамка. Излегуваме од власт, затоа што гласате за рамка каде што не се предвидени 20%“, порача Арбен Таравари.

реклама

За овие изјави не молчи ниту генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими. Тој за ТВ21 изјави дека министрите на Таравари ги потпишале предложените уставни измени и не го решиле проблемот со 20%.

„Разбирам дека претседателот на Алијансата за Албанците е вознемирен што сега со рацете на неговите министри потпишал дека со уставните предлог-измени не се решава навредливиот проблем за албанскиот јазик. Тој и неговата партија со двете нозе го згазија албанскиот јазик и се придружија на Соравија против албанскиот јазик“, вели Зекирија Ибрахими.

реклама

Пратеникот на Беса, Фадиљ Зендели, досега не ни даде став за ова прашање. Ни рече дека партијата ќе одговори.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали ќе изгуби Алтернатива уште еден пратеник? – Хисни Исмаили го поддржа претседателот на тетовскиот огранок

Следно

Американската амбасадорка Агелер ги оцени како лажни вести изјавите дека може да се направи репреговарање на договорот за влез на земјава во ЕУ

Latest from Blog

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Артета: Многу тажен ден…

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, мирно го коментираше поразот од 2-0 од Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот. „Ме боли, особено за нашите играчи и навивачи, бидејќи навистина сакавме да го

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop