Германија ѝ испорача на Украина два система за противвоздушна одбрана „Патриот“

August 10, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија ѝ испорача два система за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина, потврдија денес надлежните, јавува Анадолу.

Според документот објавен на веб-страницата на Владата, Германија ја завршила испораката на два лансера „Патриот“.

Тие ѝ беа ветени на Украина за време на самитот на НАТО во Литванија во јули.

Ажурираната листа на германската Влада за помош вклучува уште 10 теренски возила, четири извидувачки дрона, 100 митралези MG5 и околу 6.500 рамки димна муниција од 155 мм.

Германија ја зголеми својата воена поддршка за Украина по притисокот од САД и другите сојузници, и во моментот е втор снабдувач на оружје за земјата.

Во последните месеци, Берлин испорача оружје и опрема во вредност од милијарди долари – борбени тенкови, пешадиско борбено возило, оклопни транспортери и системи за противвоздушна одбрана.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Црна Гора: Претседателот Милатовиќ го предложи Спајиќ за мандатар за состав на Владата

Следно

Летонија без Порзингис на СП?

Latest from Blog

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Тој рече дека САД и Кина имаат „фантастичен однос“ и дека брзо ги решавале проблемите во минатото. „Секогаш кога имавме проблем, луѓето не го знаеја, ние го решававме многу брзо. Имаме фантастична

Одземен е пасошот на претседателот на судот во Гостивар, осомничен за мито

Од Кривичниот суд информираат дека е одземен пасошот на В.Д. претседателот на основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање на мито. -Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за

Меџити на конференција „Жената и семејството“: Жените се двигател на демократијата

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки

Поддршка за инвестиции од дијаспората: Меџити се сретна со претставници на МК25

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со претставници на МК25, на која разговараше за економскиот развој, инвестициите и зајакнувањето на врските со дијаспората. На средбата присуствуваа Мајк Зафировски, Никица

Комерцијална банка, Макпетрол и Алкалоид најтргувани; МБИ10 порасна за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 14.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.847,83 поени, со дневен раст од 0,10%, односно 9,50 поени,
Go toTop