МВР со детали за тешката сообраќајка кај Росоман

August 10, 2023
1 min read

реклама



 МВР излезе со детали за тешката сообраќајка кај Росоман во која загинаа две лица, а тројца беа тешко повредени. Според полицијата, најпрвин се судриле две возила, комбе излетало од коловоз да ги избегне, а четврто возило удрило во комбето.

– Денеска  околу 06.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај место викано „Камен дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(55) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(61) од Свети Николе, соопштија од МВР. 

реклама

Оттаму, појаснија дека подоцна на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(52) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата. 

– Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55) од Свети Николе, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Додека, со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од МВР. 

реклама

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци.

Патот се уште не е пуштен за движење, па возилата наместо преку Росоман, минуваат преку Кавадарци.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Америка подбутнала Пакистан да го смени премиерот

Следно

ПОЧИНА АКТЕРКАТА КАТИНА ИВАНОВА

Latest from Blog

Арбелоа од Реал седна на клупата на Фулам

Англискиот премиерлигаш Фулам го објави назначувањето на Алваро Арбелоа за нов тренер на тимот. Поранешниот тренер на Реал Мадрид потпиша договор до 2029 година. „Огромна чест ми е да ја започнам оваа

Коњановски: Нови мерки за поддршка на лицата со аутистичен спектар и нивните семејства

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со претставници на Здружението на деца и млади со посебни потреби и нивните родители „Невроразлични“-Битола и Здружението на психолози за стручна и морална

Трамп повторно со критики кон Шпанија

Тој изјави дека му наредил на американскиот министер за финансии Скот Бесант да ја замрзне сета трговија со таа земја, нарекувајќи го Мадрид „ужасен партнер“ во алијансата. Обраќајќи се заедно со генералниот

Завршена реконструкцијата на железничката обиколница околу Скопје

Завршена е реконструкцијата на железничката обиколница околу Скопје, односно пругата Драчево – Илинден, со што ќе се овозможи товарните возови да се пренасочат надвор од градот. Заменик-претседателот на Владата и министер за

Николоски: Завршивме со реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, товарните возови надвор од градот

Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар
Go toTop