(ФОТО+ВИДЕО) Најмалку 36 загинати во пожарите кои беснеат на осторовот Мауи, на Хаваи – историскиот град Лахаин уништен до темел

August 10, 2023
3 mins read

Во тек, како што пренесува Би-би-си, е голема операција за пребарување и спасување, бидејќи сè уште не е позната судбината на голем број лица. Повеќе од 11 000 луѓе вчера беа принудени да го напуштат островот Мауи, соопшти директорот на одделот за транспрот на Хаваи, Ед Снифен на прес-конференција

Некои луѓе биле принудени да скокаат во Тихиот Океан за да избегаат од чадот и огнот, што ја принуди американската крајбрежна стража на спасувачки акции за нивно извлекување од океанот, пренесуваат локалните медиуми

Најмалку 36 лица загинаа во шумските пожари кои беснеат на островот Мауи на Хаваите, соопштија тамошните власти, јавуваат светските медиуми.

„Како што продолжуваат напорите за гаснење, денеска се откриени вкупно 36 жртви поради активниот пожар во Лахаин“,

се вели во соопштението на локалните власти, пренесува Си-ен-ен.

Панорамска снимка од градот Лахаин, опустошен од пожарите / Фото: EPA-EFE/CARTER BARTO

Историскиот град, како што пренесуваат медиумите и како што се гледа од фотографиите е уништен до темел. Смртоносниот пожар, кој се шири поради силниот ветер, е незапирлив и покрај напорите на пожарникарите и на локалните жители да се справат со стихијата и да ги заштитат своите домови и фирми.

Повеќе од 11 000 луѓе вчера беа принудени да го напуштат островот Мауи, соопшти директорот на одделот за транспрот на Хаваи, Ед Снифен на прес-конференција.

Сепак, во некои авиони кои вчера заминуваа од Мауи имало празни седишта, бидејќи затворањето на главните автопати им го отежнал пристапот на дел од загрозените до аеродромот, рече Снифен, пренесува Си-ен-ен. Тој истакна дека сега патиштата во голем дел се повторно отворени.

Во обид да им помогне на патниците да заминат, округот Мауи организираше автобуси за да однесат повеќе од 400 луѓе до аеродромот, рече тој. Авиокомпаниите, исто така, помогнаа со ангажирање на поголеми авиони, намалување на цените на билетите и нудење на дополнителни услуги.

Во тек, како што пренесува Би-би-си, е голема операција за пребарување и спасување, бидејќи сè уште не е позната судбината на голем број лица.

„Едвај успеавме на побегнеме на време. Беше толку тешко да седам таму и да гледам како мојот град гори до пепел и да не можам да направам ништо“, .

изјавил за Асошиејтед прес, Камуела Кавакоа, кој во вторникот, кога избувнаа пожарите побегнал во засолниште за евакуација со својот партнер и шестгодишниот син

Пет засолништа за евакуација се отворени на Мауи, кои, како што претходно соопштија официјални лица биле „претрупани“ со луѓе.

Пожарникарите сè уште се борат со активните пожари, а хеликоптери исфрлиле илјадници тони вода во обид да го стават огнот под контрола.

Лахаин, туристички град и главна туристичка дестинација на островот, е целосно уништен од пожарот, а сликите покажуваат огромни површини опустошени од огненатра стихија.

Опустошениот град Лахаин во пожарите кои сè уште беснеат на острово Мауи, на Хаваи / Фото: EPA-EFE/CARTER BARTO

„Ја доживеавме најлошата катастрофа што некогаш сум ја видел. Целиот Лахаин е изгорен до темел. Ова е како апокалипса“,

изјавил жителот на градот Мејсон Џарви за Ројтерс.

Некои луѓе биле принудени да скокаат во Тихиот Океан за да избегаат од чадот и огнот, што ја принуди американската крајбрежна стража на спасувачки акции за вадење на луѓето од океанот, пренесуваат локалните медиуми.

„Евакуацијата дополнително беше комплицирана поради прекинот на струја и прекинот на услугите на мобилните телефони, бидејќи комуникацијата со западната страна на Мауи беше достапна само преку сателит“,

изјави гувернерката на Хавиа, Силвија Лук.

Белата куќа објави порака со сочувство од претседателот Џо Бајден до настраданите, како и поддршка за пожарникарите. Тој наредил сите „расположливи федерални средства на Островите да помогнат во одговорот (за справување со пожарите)“.

„Националната гарда, американската морнарица, маринците и крајбрежната стража беа мобилизирани, додека американското Министерство за транспорт помогна во напорите за евакуација“,

рече Бајден.

Дин Крисвел, администратор на федералната агенција за управување со вонредни состојби, рече дека американската помош е веќе одобрена.

Причината за пожарите во Мауи допрва треба да се утврди, но националната метеоролошка служба соопшти дека пожарите биле поттикнати од мешавина на сува вегетација, силни ветрови и ниска влажност.

Како што соопшти националниот центар за урагани, пожарот дополнително го разгореле ветровите од ураганот Дора кој беснеел на околу 1 380 километри југозападно од Хонолулу.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА САКА ДА ЈА ДИСЛОЦИРА БИБЛИОТЕКАТА ВО ТЕТОВО, А ПРОСТОРОТ ДА Ѝ ГО ДАДЕ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ

Следно

Украина: Турскиот претседател Ердоган може да го врати Црноморскиот договор за жито на вистинскиот пат

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме
Go toTop