Двајца загинати и тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Росоман

August 10, 2023
1 min read

Според привичните информации, до несреќата дошло при верижен судир на четири возила, а смртта кај двете лица била констатирана на самото место. На терен интеревенирала и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со две возила и шест пожарникари

Две лица загинаа, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на патот од Прилеп кон Градско, кај Росоман. Првичните информации за настраданите и повредените во несреќата за МИА ги соопшти доктор Ратко Грков, раководител на Итната помош во Кавадарци.   

Интервенцијата на противпожарните екипи на местото на сообраќајната несреќа / Фото: МИА

„Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена, кои беа подготвени да помогнат во секој момент“,

изјави Грков.  

Смртта кај двете лица, според информациите, била констатирана на самото место. 

На терен интеревенирала и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со две возила и шест пожарникари. 

Според првичните информации, до несреќата дошло при верижен судир на четири возила.  

Повеќе детали за сообраќајната несреќа се најавуваат за подоцна во текот на денот.  

Како што соопштил претходно портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е во прекин.   

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Фестивалот “300 Работи, Триста“ од 10 до 12 август во Битола, филмови, книги, изложби…

Следно

Американската администрација ги ограничува инвестициите во кинески технологии

Latest from Blog

ЕБОЛАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА – Бесна толпа запали центар за лекување, пациентите избегаа

Гневни демонстранти запалија центар за лекување на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго, при што усмртија еден полицаец и повредија две лица, соопштија официјални лица. Неколку пациенти заразени со ебола,

ВЛЕН: Инвестиција од еден милион евра во безбедноста на воздушниот сообраќај

Воздушниот сообраќај во Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедноста, нови технологии и проширување на мрежата на авиолинии, соопштија од ВЛЕН. Според партијата, заменик-министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи присуствувала

Издадено предупредување: Русите подготвуваат пекол (ВИДЕО)

„Постојат многу непријатни информации за подготовка на уште еден масовен руски напад. Постојат разузнавачки информации и веднаш по нашата прес-конференција ќе се вратам во Украина со мојот тим многу наскоро“, рече Зеленски

Кој е новиот министер за земјоделство? Од лани поседува голема фотоцентрала за електрична енергија

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар
Go toTop