ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ СИКСТО РОДРИГЕЗ, ЅВЕЗДА НА ОСКАРОВЕЦОТ „БАРАЈЌИ ГО ШУГАРМЕН“

August 9, 2023
1 min read

Мексиканско-американскиот музичар и гитарист Сиксто Родригез почина на 81 година, објави неговата официјална веб-страница. За него во 2012 е снимен докуметарниот филм „Барајќи го Шугармен“, кој доби две награди на филмскиот фестивал Санденс и Оскар за најдобар документарен филм, а играше и на македонскиот фестивал МакеДокс.

Родригез ја почнал кариерата во 1967, но првично се бореше да постигне успех во САД каде е роден и на крајот беше отфрлен од неговата издавачка куќа. Сепак, неговата музика постепено разви култ во странство, а неговите плочи постигнаа големи успеси во Јужна Африка и Австралија.

Малку се знаеше за Родригез во земјата и покрај тоа што неговата музика беше толку популарна, а кружеа лажни гласини дека пејачот се самоубил на сцената во 1970-тите. Но, Родригез всушност бил сè уште жив и здрав и живеел во Детроит, откако се вратил и се занимавал со градежни работи. Тој не беше свесен за неговата популарност во странство, која делумно произлезе од заостанати примероци на неговиот албум „Студен факт“ (Cold Fact)  кои кружеа во Јужна Африка, каде што беше усвоен како неофицијален саундтрак за младинските протести против апартхејдот.

И покрај неговиот успех во земјата, Родригез дознал за неговиот успех во Јужна Африка дури кога неговата најстара ќерка, Ева, наишла на веб-страница посветена на него во 1997 , кога интернетот сè уште се развиваше. Откако ја контактирал веб-страницата, Родригез отиде на својата прва јужноафриканска турнеја кон крајот на 1990-тите. Мексиканско-американскиот пејач и гитарист имаше распродадени концерти во најголемите арени во земјата пред илјадници фанови и продолжи да одржува концерти во  Австралија.

Во 2012, повторно стана славен со документарниот филм кој кажува како Родригез ја открива сопствената слава во странство. Кариерата пак му живна и тој повторно почна да оди на турнеи и да снима. Филмот предизиввика двата албума на Родригез, кои ги сними во раните 1970-ти, да почнат да се продаваат низ светот, речиси четири децении по нивното првично објавување, а Родригез свиреше на фестивали како Коачела и Гластонбери.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обврзниците не биле на име на патникот – директорот на Царина, Богоев открива како биле откриени обврзниците

Следно

Никој не ги третира кучињата скитници во Тетово – на секој 6 дена по еден граѓанин е нападнат

Latest from Blog

Омерагиќ: Време е за ред, правила и реалност во македонскиот фудбал

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Тоневски: Пробиштип со „Зелникот на баба“ стана центар на вкусот и македонската култура

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека манифестацијата „Зелникот на баба“ годинава ги надминала сите очекувања, привлекувајќи повеќе од 8.000 посетители. Според него, мирисот на тазе печен зелник и звукот на

Меџити: Фитр Бајрам носи порака за мир, солидарност и хармонија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на традиционалната прослава на Фитр Бајрам, организирана од Исламска верска заедница, по покана на Реисул Улема, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи. „Вечерва го прославивме Фитр
Go toTop