Апелација ја преполови затворската казна на велешанецот кој усмрти дете на пешачки премин

August 7, 2023
1 min read

28 годишниот Ангелче Николов од Велес кој минатата година во декември, возејќи под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената, усмрти 11 годишно девојче на пешачки премин во Велес, по што избега, доби намалување на затворската казна од осумнаесет на осум години, потврдуваат за 360 степени од Основниот суд во Велес

Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи првостепената пресуда од Основниот суд во Велес за случајот со прегазувањето и усмртување на малолетното девојче во центарот на Велес кое се случи минатата година во декември. Казната за возачот Ангелче Николов од изречените 18, Апелација ја намали на осум години затвор. Казната за Николов е намалена за двете дела за кои тој се товареше – „тешки дела против безбедноста на луѓето“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

„Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда од Основниот суд во Велес од осумнаесет на осум години затвор. Што се однесува до поднесување на жалба, тоа законски е невозможно, што значи дека оваа одлука на Апелација е финална и правосилна“,

одговорија од велешкиот суд за 360 Степени.

Оваа одлука на Апелациониот суд е финална, а Николов од притворското одделение, со денешната одлука, ќе биде упатен на издржување на затворската казна. Покрај затворска казна, Николов доби и пет годишна забрана за управување на моторно возило, која ќе биде ефективна од денот на неговото излегување од затвор.

28 годишниот велешанец Ангелче Николов на 17 декември минатата година, возејќи под дејство на алкохол и со неприлагодена брзина во строгиот центар на Велес на улицата„Борис Трајковски“, прегази мајка и нејзината 11 годишна ќерка. Од силината на ударот, малолетното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин на улицата и починало, а возачот Николов воопшто не запрел туку продолжил да вози со голема брзина. Неговиот мерцедес полицијата брзо го пронајде, а Николов самиот се пријави два дена по сообраќајната несреќа.

За време на судењето, обвинителството побара максимална казна, а судијката Габриела Гајдова која го водеше процесот, појасни дека судот смета дека осудениот може да го повтори делото, поради што му ја продолжи мерката притвор сè до спроведување на казната затвор, во која му се засметува времето поминато во притвор.

Таа при изрекувањето на казната потенцира дека иако на првото рочиште Николов ја призна вината, во текот на целата истражна постапка не искажал вистинско каење и жалење за загубениот живот на 11 годишното девојче Магдалена.

„Признанието вина го зедовме како олеснителна околност, но како придонес за полесно завршување на постапката. Не го зеде како околност за позитивен став, односно судот не процени дека има искрено каење“,

рече тогаш судијката.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европските компании имаат 100 милијарди евра минус од бојкотирање на Русија

Следно

Стоечки овации за Трпчески и „Македонисимо“ во Мајнц

Latest from Blog

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим
Go toTop