Мировниот самит во Џеда ја зајакна позицијата на Киев, изјави шефот на претседателскиот кабинет на Украина

August 6, 2023
1 min read

Позицијата на Украина е зајакната за време на самитот во Саудиска Арабија, чија цел е да се најде пат кон мирен крај на руската инвазија, изјави денеска шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак.

Шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак / Фото: Архива

Според него, иако имало разлики во мислењата меѓу претставниците на околу 40 земји на Самитот, сепак сите се обврзале да ја почитуваат Повелбата на Обединетите нации, меѓународното право и принципите на суверенитет и територијален интегритет“.

„И врз овие принципи е изградена формулата за мир на претседателот (Володимир) Зеленски, која детално ја опишавме“,

нагласи Јермак кој ја предводеше делегацијата на Украина на Самитот во Џеда, пренесува МИА.

Предлогот на Зеленски за мир вклучува повлекување на руските трупи од цела Украина, меѓународен трибунал за гонење на руските воени злосторства и меѓународни безбедносни гаранции за Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсенал го победи Манчестер сити и го освои ФА Суперкупот

Следно

Според календарот на МПЦ утре се слават овие просветители

Latest from Blog

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан
Go toTop