Алкараз: Секој навивач на Реал сака Мбапе да дојде во Мадрид

August 6, 2023
1 min read

Шпанскиот тенисер и прв светски рекет Карлос Алкараз се произнесе за можниот трансфер на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

– Секој навивач на Реал сака Мбапе да биде во Мадрид. Сите сакаат да го видат во својот тим. Се надевам дека ќе ја прочитаме веста дека Мбапе се сели во Реал Мадрид, бидејќи тоа многу би ми се допаднало, го цитира Алкараз „MadridXtra“.

Договорот на 24-годишниот Французин со ПСЖ истекува следното лето. Претходно беше објавено дека тој планира да се пресели во Реал Мадрид како слободен играч за една година, додека ПСЖ инсистира на продолжување на договорот или итна продажба.

Во текот на вчерашниот некои медиуми во Шпанија објавија дека ПСЖ и Реал веќе се договорија и дека трансферот на Мбапе ќе го обзнанат многу скоро.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коло Муани ќе потпише за ПСЖ

Следно

ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРА НА „ЕДВАРД ВТОРИ“ НА ОХРИДСКО ЛЕТО, ГЛАВНИОТ ЛИК ГО ИГРААТ ДВАЈЦА АКТЕРИ

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop