(ФОТО+ВИДЕО) Најмалку три жртви во невремето во Словенија, ситуацијата со поплавите и натаму критична

August 4, 2023
2 mins read

Од словенечката полиција изјавиле дека едно лице – словенечки држвјанин загинал кај Камник, додека двајца државјани на Холандија ги загубиле животите во планините во областа Крањ. Точните околности за нивната смрт, како што информирале од полицијата, сè уште се утврдуваат

Силното невреме што ноќеска ја зафати Словенија и големите поплави кои ги предизвика однесоа најмалку три човечки животи. Информацијата ја објави словенечката новинската агенција СТА (STA), повикувајќи се на полицијата.  

Апокалиптични слики од последициите од невремето во Словенија / Фото: Словенечка полиција / Фејсбук

Од словенечката полиција за агенцијата изјавиле дека едно лице – словенечки држвјанин загинал кај Камник, додека двајца државјани на Холандија ги загубиле животите во планините во областа Крањ. Точните околности за нивната смрт, како што информирале од полицијата, сè уште се утврдуваат.  

„Во Камник смртта можно е да последица на поплавите, а на планините од удар на гром. Околностите за смртните случаи сè уште се утврдуваат“,

изјавила Маја Адлешич Циперле од Генерланата управа на словенечката полиција.  

За смртта на словенечкиот државјанин полицијата била известена утрово, додека синоќа таа била алармирана дека двајца холандски државјани исчезнале во планините во областа Крањ, пренесува Н1.  

Повеќе информации ќе бидат достапни кога полицијата ќе заврши со увидот, додала Адлешич Циперле. 

Регионалните медиуми јавуваат дека во невремето паднале 200 литри дожд на квадратен метар во северна, северозападна и во централна Словенија. Станува збор за количество дожд кое во просек наврнува за еден месец, а кое во невремето што ја погоди Словенија се истури за само 24 часа.  

Словенечката агенција за животна средина – АРСО, издаде метеоролошки аларм на највисоко ниво. 

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, изрази сочувство до семејствата на жртвите и апелираше до граѓаните „да останат поврзани и да се поддржуваат едни со други во овој тежок момент и да се грижат за старите и за другите ранливи луѓе на кои им е потребна нашата помош и поддршка“, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.  

Поради тешката ситуација премиерот на земјата Роберт Голоб го прекинал својот годишен одмор.  

Во моментов, јавува Н1, најтешка е состојбата во Горење, Корушка и Штаерска, а се очекува да се влоши и во другите делови на Словенија бидејќи дождот продолжува да врне.  

Бројни екипи се на терен, а според извештаите на репортерот на Н1 од Словенија, пожарникарите забрзано полнат вреќи со песок, но тешко стигнуваат да им помогнат на сите загрозени.  

Спсасувачки екипи со хеликоптери извлекуваат граѓани заглавени во своите домови / Фото: Н1

Во спасувачките напори е вклучена и словенечката армија која им помага на екипите на службите за итни интервенции во операциите за спасување и рехабилитација.  

Според извештаите на локалните медиуми, многу места се поплавени, стотици пожарникари и членови на други служби за итни случаи се на терен, а насекаде се слушаат сирени кои предупредуваат за опасност. 

Во североисточна, северозападна и во централна Словенија е во сила црвен метеоаларм. 

Како што пренесува словенечката новинска агенција СТА, во текот на ноќта пожарникарите испумпувале вода од поплавените згради, заштитиле неколку одрони, извадиле остатоци од под мостовите и спасиле потопени возила од поплавените коловози. Биле евакуирани и три кампа.  

Екипи на словенечката полиција во спасувачка акција / Фото: Словенечка полиција / Фејсбук

Патот во градот Пољана синоќа бил поплавен, а поројот бил толку силен што однел автомобил во кој се наоѓала една жена, јави регионалната ТВ Н1. 

 Според податоците на Управата за заштита и спасување, во последните 12 часа се регистрирани над 1 000 инциденти, а на помош излегле пожарникари од 168 противпожарни единици. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

МНР со повик до наши граѓани во Словенија: Напуштете ги загрозените подрачја, контактирајте ја амбасадата за помош

Следно

Чаби Алонсо останува на клупата на Баер

Latest from Blog

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси
Go toTop