„Тажен ден за Америка“, порача Трамп на заминување од судот во Вашингтон, каде се изјасни за невин

August 3, 2023
1 min read

Околу еден час траеше сослушувањето на поранешниот претседател Доналд Трамп во судот во Вашингтон , каде тој за првпат се соочи со федералните обвиненија за обид да ги поништи изборните резултати во 2020 година. Како што пренесуваат странските новинари кои го следеа судењето, Трамп се изјаснил за невин по сите точки од обвиненијата.

Трамп беше условно ослободен, а меѓу условите е да нема контакт за случајот со ниту еден сведок, освен ако не се присутни адвокати, пренесува Асошиејтед прес.

„Доколку не исполните какви било услови за вашето ослободување, може да биде издаден налог за ваше апсење“,

рече судијката на сослушувањето.

Следното сослушување е закажано за 28 август, кога се очекува да биде утврден датумот за почеток на судењето. Специјалниот обвинител Џек Смит рече дека барал „брзо судење“ кога ги објави обвиненијата во вторникот, пренесува Би-би-си.

Доналд Трамп на аеродромот каде пристигна со својот приватен авион

Според медиумите, Трамп го напуштил судот од задната врата заедно со својот правен тим. По заминувањето од судот тој се упати кон аеродромот каде го чекаше приватниот авион со кој претходно слета од неговиот дом во Њу Џерси.

Во изјава за медиумите, без можност за новинарски прашања , на аеродромот Трамп порача дека денес е тажен ден за Америка, а обвиненијата ги оцени како „прогон на политички противник“.

„Ова е многу тажен ден за Америка, а исто така беше многу тажно и возењето низ Вашингтон да ја гледате целата нечистотија. Ова не е местото кое јас го оставив“,

рече Трамп.

Во обвинението тој се соочува со четири точки вклучувајќи заговор за измама на САД, манипулација со сведок и заговор против правата на граѓаните, поврзани со нападот на Капитол на 6 јануари 2021.

Трамп веќе се соочува со два други кривични случаи додека тој води кампања за Белата куќа за догодина. Но, случајот поврзан со изборниот процес се смета за најсериозен од сите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Трамп пред пристигнувањето на суд: Одам во Вашингтон за да бидам уапсен, тоа е чест

Следно

Томас Тухел јавно го понижи Кимих

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop