Кој е за европската агенда, а кој го гази достоинството на народот – власта и опозицијата и денеска се расправаат за уставните измени

August 3, 2023
1 min read

Кој е за „европската агенда“, а кој „го гази достоинството на надорот“ – уставните измени и денеска се тема во партиските соопштенија. СДСМ бара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски, да ги поддржи уставните измени и со тоа да покаже дека навистина е за европската агенда, додека ВМРО-ДПМНЕ повторува дека нема да дозволи уставни измени под бугарски диктат

Насилните обиди на власта да направи уставни измени удираат во ѕид. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени под бугарски диктат кои немаат врска со Копенхашките критериуми и се газење на достоинството на својот народ. Ова денеска го соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија бара фер шанса како и сите останати земји кои пристапувале кон ЕУ, а не преговори обременети со историски наративи и притисоци. Македонија бара институционални европски гаранции дека европскиот пат ќе биде предвидлив, а не подвижна цел која постојано ќе ни бега заради апсурдни ретроградни барања на Бугарија“,

велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинуваат дека власта ниту кога преговарала ниту кога прифаќала не изградила национален и државен консензус. Сметаат дека сега целта е да се наметне свршен чин кој Македонија треба да го прифати беспоговорно.

„Оваа власт пропушти толку многу подадени раце од ВМРО-ДПМНЕ. Пропушти толку шанси да избори подобри позиции за Македонија. Сега преостанува само што побрзо да го стават ова прашање на пленарна седница и да се соочат со реалноста дека немаат ниту мнозинство. После тоа следен логичен чекор ќе бидат избори“,

додаваат од партијата.

Возвратија од владејачкиот СДСМ барајќи од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски, „да ги поддржи уставните измени и со тоа да покаже дека навистина е за европската агенда“.

„Сите услови што Христијан Мицкоски ги постави за ДПМНЕ да поддржи уставни измени, се исполнети. Министрите од редовите на ДУИ поднесоа оставки кои ќе се ефектуираат откако ќе бидат усвоени уставните измени и со тоа се исполнува условот на Мицкоски за учество во Влада без ДУИ“,

велат од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека уставните измени се јавно достапни и за нивната содржина никој не е против, како што потенцираат, вклучително и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Со измените на Уставот се забрзува процесот на интеграција во ЕУ, но истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ и се става крај на тезата ‘еден народ две држави’ што со децении ја промовираат одредени туѓи центри. Мицкоски има шанса макар еднаш да се престрои на страна на државните и национални интереси“,

сметаат во партијата.

Оттаму додаваат дека ако навистина се грижат за интересите на државата и за европската агенда, тогаш Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка за измените на Уставот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што ги тера Русите да се борат?

Следно

Со хеликоптер пренесен бугарскиот навивач кој беше прободен со нож за време на натпреварот Левски – Шкупи

Latest from Blog

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на

Руте: Земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Марк Руте, по завршувањето на денешниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, изјави дека земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната, неопходна за

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за

Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан

Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во
Go toTop