Украина се надева на мировен самит оваа есен

August 2, 2023
1 min read

Ројтерс наведува дека претседателот на Украина и неговиот тим соработуваат со сојузниците за да обезбедат широка поддршка за мировниот самит, кој, според агенцијата, е насочен кон запирање на руската агресија која започна во февруари 2022 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се надева оти украинскиот „мировен самит“ може да се одржи оваа есен, а дека овонеделните разговори во Саудиска Арабија се отскочна даска кон таа цел.

„Работиме на тоа самитот да се одржи оваа есен. Есента доаѓа многу наскоро, но има уште време да се подготвиме за самитот на кој ќе учествуваат повеќето земји во светот“,

рече Зеленски, пренесе Ројтерс.

Фото: EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Агенцијата наведува дека претседателот на Украина и неговиот тим соработуваат со сојузниците за да обезбедат широка поддршка за мировниот самит, кој, според Ројтерс, е насочен кон запирање на руската агресија која започна во февруари 2022 година.

Самитот, како што додава Ројтерс, ќе се заснова на планот од 10 точки што претходно го објави Зеленски, а кој вклучува обновување на територијалниот интегритет на Украина и целосно повлекување на руските трупи, заштита на безбедноста на храната и енергијата, нуклеарната безбедност и ослободување на сите затвореници.

Сè уште не е договорено место за одржување на самитот кој нема да ја вклучува Руската Федерација.

Инаку, на 5 и 6 август во саудискиот град Џеда ќе се одржи самит за Украина, на кој ќе има претставници на речиси 40 земји, но не и на Русија која не беше поканета. Овој самит, според украинскиот претседател, треба да биде отскочна даска за одржување на мировниот самит во Украина оваа есен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиецот од синагогата во Питсбург доби смртна казна

Следно

Кина размислува со закон да го ограничи времето кое децата го поминуваат на мобилните телефони

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop