Убиецот од синагогата во Питсбург доби смртна казна

August 2, 2023
1 min read

Масакрот во синагогата во 2018 година, се смета за еден од најлошите антисемитски напади во американската историја

Синагогата во Питсбург / Фото: EPA-EFE/JARED WICKERHAM

Поротата во американскиот федерален суд досуди смртна казна на напаѓачот Роберт Бауерс кој убил 11 лица во масакрот во синагогата во градот Питсбург (Пенсилванија) во 2018 година.

За да се изрече смртна казна, беше потребно сите 12 члена на поротата да бидат едногласни.

Обвинителите претходно во судница побараа поротата да гласа за смртна казна откако истиот состав претходно го прогласи напаѓачот за виновен за сите 63 точки од обвинението.

Во завршните зборови обвинителите тврдеа дека ваквата казна е неопходна бидејќи 50-годишникот обвинет за нападот, и понатаму продолжува да се залага за омраза кон Евреите и не покажал каење за своите дела.

„Ова е случај кој бара најстрога казна предвидена со законот – смртна казна“,

рече обвинителот Ерик Олшан.

Одбраната на Бауерс, пак, тврдеше дека тој има проблеми со менталното здравје и затоа има заблуди за еврејскиот народ.

Во одлуката што ја донесе поротата беше посочено дека одбраната не успеала да докаже дека напаѓачот има ментално растројство или дека го извршил злосторството во момент кога имал ментално или емоционално нарушување.

Масакрот во синагогата во 2018 година, се смета за еден од најлошите антисемитски напади во американската историја.

Единаесетте верници кои тогаш ги уби вооружениот Бауерс беа на возраст од 54 до 97 години. Седум други лица беа повредени, вклучително и пет полицајци кои први стигнаа да интервенираат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти изјави што ги чека Модриќ и Крос во следната сезона

Следно

Украина се надева на мировен самит оваа есен

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop