Од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача Пендаровски од Пелинце

August 2, 2023
1 min read

Ако поради преурането востание младата илинденска генерација беше десеткувана, денес поради задоцнети европски реформи постои опасност нашата млада генерација да биде раселена, порача Пендаровски од Пелинце

Без одлагање да ги надминеме разликите и да се сплотиме околу итно почнување на преговорите, бидејќи во спротивно ќе го изгубиме виталниот дел од општеството – младите, порача претседателот на државата Стево Пендаровски пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, на свеченоста за 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

Најголемиот дел од говорот Пендаровски го посвети на младите како клучна алка во општеството, кои поради иселувањето, како што рече, станале загрозено малцинство. Пендаровски ги повика сите политички чинители да се вклучат во реализцијата на европските реформи кои, според него, ќе помогнат да се мотивираат младите да останат во државата и да се вклучат во изградбата на европска Македонија.

„Како ќе се постигне општествена мобилизација без ентузијазмот, храброста и активизмот на младите, кој ќе изразува револт против општествените и социјалните неправди, двигател на дигиталната трансфорамција и кој ќе се вклучи во културен натрпевар меѓу народите?“

рече Пендаровски.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во Пелинце на одбележувањето на 2 Август – Илинден

Преговорите со ЕУ, како што рече Пендаровски, ќе помогнат и во борбата со корупцијата. Таа да биде помалку општествено прифатлива, а културата на неказнивост да се замени со култура на одговорност и личен, морален интегритет.

„Треба да ни е јасно дека добра алтернатива за европските реформи – не постои! Надворешните пречки не смеат да бидат алиби за забавување на реформите. Напротив, мора да го мобилизираме секој сегмент од општеството во искоренување на корупцијата, непотизмот и криминалот. Уште поважно, токму европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес, а тој е да ги мотивираме младите да останат во државава и да се вклучат во изградбата на европска Македонија, “

порача шефот на државата.

Одебележување на 2 Август – Илинден пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце

Правејќи споредба со Илинденското востание, Пендаровски рече дека Делчев со право бил против преурането востание кое ќе донесе крвопролевање, бидејќи тој не се залагал само за слобода на македонската земја, туку и за слобода на македонскиот народ, затоа што не сакал земја без народ.

„Ако поради преурането востание младата илинденска генерација беше десеткувана, денес поради задоцнети европски реформи постои опасност нашата млада генерација да биде раселена. Затоа денес, на Илинден, сеќавајќи се на трите македонски републики – Крушевската од 1903, Асномската од 1944 и независната од 1991, треба да бидеме свесни дека само од нас зависи дали четвртата македоснка република ќе биде европска или емигрантска“

рече Пендаровски.

Одебележување на 2 Август – Илинден пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија бележи пораст на нападите врз засолништата за бегалци, 80 пријавени оваа година

Следно

Анчелоти изјави што ги чека Модриќ и Крос во следната сезона

Latest from Blog

Нови експлозии одекнуваат во Дубаи, Доха и Абу Даби- одмаздата на Иран продолжува (ВИДЕО)

Сирени се огласија низ поголемите градови во Обединетите Арапски Емирати и Катар откако жителите пријавија дека слушнале гласни истрели. Властите во Дубаи соопштија дека експлозиите што одекнуваа низ целиот град биле предизвикани

Мицкоски оствари средба со Руте: Ја реафирмирав нашата цврста определба за понатамошно јакнење на соработката со НАТО

Денеска премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. -Во духот на сојузништвото и заедничките вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста

Дел од Тетово и Брвеница утре ќе бидат без струја

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (04.03.2026) без електрична енергија ќе останат повеќе населени места и делови од Тетово и тетовскиот регион. Според најавата, од 08:45 до 11:00 часот без

На 100 дена до стартот на СП: ФИФА го претстави официјалниот постер на Мундијалот!(ФОТО)

gianni_infantino x На точно 100 дена пред почетокот на Мундијалот, ФИФА го претстави официјалниот постер за претстојното Светско првенство. „Ова е последното парче од колекцијата постери за глобалното фудбалско натпреварување. Денес се

Тоневски: Продолжуваме со инфраструктурен развој во Пробиштип

Во Општина Пробиштип започнаа градежните активности за реконструкција на патниот правец до село Кундино, проект кој има за цел да ја подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во руралните средини. Проектот
Go toTop