34 романи во трка за наградата „Роман на годината“

January 19, 2023
1 min read

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнале 34 романи.

Жири-комисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) заклучи дека и годинава конкуренцијата изобилува со квалитетни романи.

Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по 24. пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Список на пристигнати дела за наградата „Роман на годината“ за 2022:

1. „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“

2. „Невообичаен Велигден“, Емилија Златкова – Анастасова, „Збор“

3. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“

4. „Луѓето, а не градот“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или Или“

5. „Умрев за да оживеам“, Габриела Давидовска – Баниќ, „Збор“

6. „Градски деца“, Матеј Богдановски, самостојно издание

7. „Бегство од изгрејсонцето“, Дејан Гаџовски, „Темплум“

8. „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“

9. „Девојчето со седа коса“, Магдалена Елмазовска, „Збор“

10. „Татко ми, Босфор“, Јован Илиески, „Антолог“

11. „Вилинско коњче“, Илина Јовановиќ – Јаковчевска, „Збор“

12. „Смртта нe е крај“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“

13. „Само Бог простува“, Анде Јанков, „Антолог“

14. „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“

15. „Заследи ме“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“

16. „Потрага по загубениот гроб“, Панче Коцев, самостојно издание

17. „Наследство: Прозорецот“, Јордан Коцевски, „Антолог“

18. „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“

19. „Тајната за розата Дафне“, Благица Наумова, „Збор“

20. „Токсични луѓе“, Велко Неделковски, „Арс Либрис“

21. „Една книга“, Валентин Нешовски, „Или Или“

22. „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“

23. „Солзите на Анастасија“, Даница Пеовска, „Мите Богоевски“

24. „Мастилна мапа“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“

25. „Пештера“, Максим Ристески, „Или Или“

26. „Хотел меѓу две војни“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“

27. „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“

28. „Број 77“, Мирјанка Селчанец, „Андриано“

29. „Продолжи да одиш“, Елена Симоновска, „Збор“

30. „Ние“, Ана Стојаноска, „Арс Либрис“

31. „Овириyм помеѓу светови“, Агрон Усеини, „Паблишер“

32. „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“

33. „До Сахара за покрив над глава“, Јован Џамбазоски, „Матица македонска“

34. „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Честитка по повод Богојавление-Водици 19.1.2023

Следно

Мицкоски од Охрид: Полукриминални групи на СДСМ и ДУИ вршат притисок врз пратениците од власта кои се за избори  

Latest from Blog

Се зајакнува системот за рециклирање во Прилеп: Ново собирно место за повеќе видови отпад

Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп информира дека во Прилеп е ставено во функција собирно место за селекција на електричен и електронски отпад, текстил и стаклена амбалажа, со цел унапредување на системот

Трамп ја враќа Пам Бонди, откако ја смени пред само неколку недели: Се бореше со рак

Веста беше потврдена од бројни американски медиуми и јавни изјави од сојузници на администрацијата. Помалку од два месеци по нејзиното отстранување од функцијата државна обвинителка, американскиот претседател ја назначи Бонди во Советот

Јаневска: Годинава и електронски и печатени свидетелства за прво, второ и трето одделение

Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе

Коњановски: Битола се позиционира како регионален економски центар

Во организација на Јавното претпријатие Индустриска зона „Жабени“, денеска во Битола се одржа работен состанок на тема „Инвестирај во твојата иднина“, на кој присуствуваа владини претставници и стопанственици, со цел размена на
Go toTop