(ФОТО) Ковачевски од Крушево: Никој не смее да ја украде и измени нашата историја

August 1, 2023
3 mins read

„Мораме да продолжиме да ја градиме државата на европскиот пат. Ние друга алтернатива немаме и не смееме да имаме. Никој не смее да ја украде и измени нашата историја“, порача премиерот Димитар Ковачевски вечерва од Крушево

На отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ имаше балетски перформанс, настапија повеќе македонски музички ѕвезди, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски по што следуваше спектакуларен огномет

Димитар Ковачевски – претседател на Влада на РС Македонија
Фото: Влада на РС Македонија

Илинденското востание не е ниту почеток, ниту крај. Илинденското востание е врвен аманет, завет и историски паметник кој ние денес, но и сите по нас, мора да го имаат пред себе секојдневно! Ова вечерва во својот говор го порача премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на традиционалната манифестација „Десет дена Крушевска Република“ во Крушево.

„Вечерва, сите ние тука на Гумење, пред импозантниот Македониум, одбележуваме 120 години од еден од најважните датуми, еден од централните моменти во нашта вековна историја. 120 години од почетокот на Илинденското востание кое во нас остави неизбришлив печат, 120 години од моментот кога во илинденско Крушево е распламтена вербата дека борбата за македонската државност вреди. Распламтена е слободарската, демократска и прогресивна идеја за автономна македонска држава, дом, огниште за сите“,

рече Ковачевски.

Тој истакна дека на Илинден се сеќаваме, ги спомнуваме и им оддаваме длабока почит на нашите основачи, на нашите херои, на нашите револуционери, на нивната борба, нивната жртва, на радоста од формирањето на Крушевската Република.

Фото: Влада на РС Македонија

„Не смееме никогаш да ја заборавиме, да ја намалиме, да ја замениме нивната вистинска и херојска борба, жртва и победи, нивните идеали и принципите за слободна држава бидејќи тие се нашата држава, и тогаш и сега. Тие се наша историја, но и наша сегашност. Тие ќе бидат и нашата иднина. Ја паметиме и славиме визијата и идеологијата на Гоце Делчев, борбата за правда на Јане Сандански, херојството на Даме Груев, држатворноста на Никола Карев, херојството и саможртвата на Питу Гули. Нивните идеали биле патоказ за Мирче Ацев, Стив Наумов, за Брашнаров, Главинов, Влахов, Рацин, Шабани, Карпош, Паликуќа и за други знајни и незнајни херои, на кои денес се поклонувме“,

истакна премиерот.

Премиерот порача – ние имаме обврска и незавршена работа, континуирано да ја градиме државата како слободна држава на слободни граѓани.

„Да ја градиме како отворена држава во која дом може да најде секој, како држава на социјална правда, држава на еднакви, рамноправни граѓани, на правда, ред и поредок, држава на солидарност, на вредности, знаење и разум. Држава со своја историја, сегашност и иднина“,

нагласи Ковачевски.

Ковачевски смета дека Илинденците не калкулирале, не бегале од одлуки и не се криеле.

Фото: Влада на РС Македонија

„Насоката на Илинденците и Асномците е јасна, патоказот е пред нас. Илинденците и Асномците не се прашувале дали вреди да се продолжи. Не калкулирале со следниот потребен чекор. Не бегале од одлуки и не се криеле. Знаеле и дека во обединувањето е силата – и така и постапувале. Одлуките на Илинденците и Асномците обврзуваат дека битките се водат, не се напуштаат. Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет“,

истакна премиерот.

Ковачевски додаде дека државата треба да продолжи да се гради по европскиот пат и да се спротивстави на сите негирања однадвор и однатре.

„Ние друга алтернатива немаме и не смееме да имаме. Заради нас самите! Никој не смее да ја украде и измени нашата историја! Бидејќи тоа е невозможно! Никој претходно, а камоли сега, не може да украде, измени или избрише векови и векови создавана и развивана традиција, култура и засебност! На сите негирања однадвор и одвантре, мораме да се спротивставиме со врвно национално чувство, со висока национална самодоверба и гордост, и најважно од сѐ со здраво и разумно обединување околу заедничкото, за универзалните принципи и вредности! Во исто време, нашата борба мора да продолжи!“,

нагласи Ковачевски.

Ковачевски посочи дека денеска Македонија има многу пријатели и сојузници.

Фото: Влада на РС Македонија

„За разлика од минатото, денешната независна и самостојна држава има многу пријатели и сојузници! Има голем број на подржувачи! Таа е дел од европското и светското семејство на нации и држави, на рамноправен начин. Затоа што ние од изолирана држава, по цела деценија, со мудри и храбри одлуки, успеавме да ја обновиме и засилиме меѓународната поддршка, како никогаш досега“,

рече Ковачевски.

Премиерот повика на темелите на Крушевската Република, на темелите на асномската Република Македонија, на современата и независна Република Македонија, на денешната европска Република Северна Македонија да се направи следниот чекор. „Да успееме и повторно да победиме“, рече тој.

Фото: Влада на РС Македонија

На манифестацијата имаше балетски перформанс, настапија повеќе македонски музички ѕвезди, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски по што следуваше спектакуларен огномет.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Левски казнет со 40.000 евра за инцидентите во Скопје

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Торнадо во Италија и Словенија, предупредувања и во Хрватска

Latest from Blog

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси
Go toTop