УНЕСКО препорача забрана за користење паметни телефони во училиштата

August 1, 2023
1 min read

Во глобален извештај на УНЕСКО се нагласува директната врска помеѓу прекумерната употреба на мобилни телефони во образовните средини и лошите образовни резултати

Фото: архива

УНЕСКО, образовна, научна и културна институција на Обединетите нации објави глобален извештај за мониторинг на образованието во изминатите 18 години, во кој предлага сеопфатна проценка и препораки за образованието ширум светот.

Во овогодинешниот извештај посебен акцент е ставен на „забраната на мобилните телефони“ и нивното влијание врз образованието.

Во извештајот на УНЕСКО се нагласува директната врска помеѓу прекумерната употреба на мобилни телефони и лошите образовни резултати. Утврдено е дека подолго време поминато пред екраните на мобилните телефони има негативно влијание врз емоционалната состојба на децата. За да се одговори на оваа загриженост, УНЕСКО препорачува воведување забрана на паметните телефони во училиштата.

Фото: архива

Во извештајот се посочува дека е важно да се поддржува „визија за образованието ориентирана кон народот“, со која се гарантира дека дигиталните технологии ја дополнуваат интеракцијата со учителите лице в лице, а не ја заменуваат.

Неколку земји веќе воведоа забрани за користење паметни телефони во училиштата, со оглед на потенцијалното влијание врз академските постигнувања на учениците. Франција, Гвинеја, Летонија, Мексико, Португалија, Шпанија, Швајцарија, САД, Канада, Шкотска, Бангладеш, Таџикистан и Узбекистан се меѓу земјите со различни форми на забрана за мобилни телефони во образовната средина.

Во Белгија, Шпанија и Англија е забележано подобрување на академските резултати, особено меѓу учениците со послаби резултати, по воведувањето на забраните за употреба на мобилни телефони во училиштата.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во пресрет на Илинден формирани нови национални установи од областа на културата: „Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“

Следно

Во училиштата во Србија учеле 250 ученици со статус на бегалци, од кои 82 биле од Украина

Latest from Blog

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дискусијата за проширувањето на Европската Унија добива нова динамика преку серија „нон-пејпери“ и предлози од државите членки, поттикнати од потребата за итно решавање на статусот на Украина, но и од притисокот да
Go toTop