Хрватка ја погоди ново невреме: Поплавени улици и паднати гранки во Риека

July 30, 2023
1 min read

Невремето се очекува денеска да пристигне и во Србија каде Републичкиот хидрометеоролошки завод денеска наутро издаде предупредување за временски непогоди

Принтскрин / ХРТ

Хрватска денеска е погодена со уште едно силно невреме. Силни грмотевици, обилни врнежи од дожд проследени со силен ветар го зафатија регионот на Риека.

Има паднати гранки од дрва, голем број од улиците се под вода, а Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалов метеоаларм за овој регион.

Како што јавува ХРТ, покрај дојавите за поплавени улици и паднати стебла, од удар од гром запален е и еден кров. Невремето пристигнало околу 6 часот наутро, а потоа повторно се вратило сончевото време.

Во Загреб, како што јавуваат медиумите, дува силен ветар и има обилни врнежи, а Државниот хидрометеоролошки завод предупреди дека невремето се поместува од запад кон исток.

Невремето се очекува денеска да пристигне и во Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод денеска наутро издаде предупредување за временски непогоди. Првично се очекуваат врнежи и грмотевици во Војводина, а во попладневните часови и во други делови од Србија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден со честитка до муслиманите по повод Денот на ашурето

Следно

ЖОЛДАК ПРИВРШУВА СО ПРОБИТЕ ВО ВЕЛЕС ЗА ПРЕТСТАВАТА „ЕДВАРД ВТОРИ“ , ПРЕМИЕРАТА Е НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop