Во голема експлозија во магацин за средства за огномет загинаа најмалку девет лица во Тајланд

July 29, 2023
1 min read

БАНГКОК (АА) – Во голема експлозија во магацин за средства за огномет на југот на Тајланд денес животот го загубија најмалку девет лица, а десетици се повредени, објави „Таи ПБЦ“, пренесува Анадолу.

Гувернерот на провинцијата Наративаш, Санан Понгаксорн, за „Таи ПБЦ“ изјави дека најмалку 115 луѓе се повредени, од кои многумина се во тешка состојба.

Понгаксорн додаде дека од 500 до 800 луѓе што живеат во близина можеби ќе бидат принудени да бидат преместени во привремени засолништа.

На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледа облак од дим над тоа подрачје и многу оштетени објекти, автомобили и мотоцикли, како и улици прекриени со урнатини. Многу куќи и други згради имаат урнати покриви и ѕидови.

Според податоците на Одделението за превенција и ублажување на катастрофата, оштетени се околу 100 станбени објекти на тоа подрачје.

Гувернерот Понгаксорн изјави дека експлозијата најверојатно е предизвикана од градежните работи што се извршувале во магацинот и при заварување метал дошло до палење на средствата за огномет и настанала експлозија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши 12. Културно – забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца

Следно

Реал Мадрид на чекор до потписот на Килијан Мбапе

Latest from Blog

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop