Како лобистите од појадокот направија најважен оброк во денот

January 19, 2023
1 min read

Сè до неодамна, еден од ретките консензуси во „општата култура“ беше канонот дека појадокот е најважниот оброк во денот. Некои од новите истражувања покажаа дека прескокнувањето на појадокот нема врска ни со здебелувањето, ни со здравствени проблеми ниту пак е причина за послаби дневни перформанси. 

Стравопочитта кон појадокот влече корен од доцниот 19-ти век и е во режија на мала група верски фанатици и корпоративни лобисти. Претходно, немало листа на препорачани јадења, и обично за појадок се јадело тоа што имало: остатоци од вечерата, јајца, сувомеснато. 

Мудрувањата околу тоа што е најдобро да се јаде за појадок, започнуваат од крајот на 19-тиот век и индустриската револуција. Со промената на дејноста меѓу населението и преселбата од нива во канцеларија или фабрика, на обилниот појадок почнало да се гледа како на нешто кое ја попречува максималната продуктивност. Напорната работа како морален императив, според авторката на Three Squares: The Invention of the American Meal, игра важна улога во начинот на кој “да се појадува нешто лесно“ станало своевиден идеал. 

Величењето на појадокот коинцидира и со отворањето на првите санаториуми на адвентистичката црква, каде служеле житарици за доручек, што во комбинација со вегетаријанството наводно биле гаранција за добро здравје.

Првиот корнфлекс е создаден од Џејмс Калеб Џексон, а познатиот бренд Келог, исто така излезен од санаториум е дело на Џон Харви Келог. Џексон бил проповедник, а Келог длабоко религиозен човек кој верувал дека мастурбацијата е најголемото зло, и дека против тоа зло можеме да се бориме ако јадеме овесни снегулки. 

Освен максимизацијата на работните перформанси и усогласување со религиозните учења, за појадокот доста „одработела“ и комерцијалната пропаганда. Компаниите за производство на житарици ги промовирале своите производи како уште поздрави, откако во 40-тите ги збогатиле со витамини, а играле и на картата на мајчинска грижа продавајќи ги како совршен доручек за нивните деца. Во тоа време жените сè помасовно влегуваат на пазарот на трудот па требало да им се понуди нешто кое можат набрзинка да им го принесат на децата пред да одат на работа.

Комбинацијата од религиозна морализација и рекламирање помогна да се поттикне идејата за појадокот како најважен оброк во денот, меѓутоа неа ја бетонираше кампањата за продажба на сланина.

Пропагандниот гениј Едвард Бернајс, патем внук на Зигмунд Фројд, ги проучил актуелните здравствени стравови и релгиозни попувања околу појадокот за да ѝ помогне на компанијата која го ангажираше да ја истурка нивната сланина.

Бернајс набавил ЕДНА потврда од лекар дека обилниот појадок со сланина и јајца е подобар од лесниот појадок, и ја пратил на потпис кај 5.000 лекари ширум САД. 

Потоа убедува еден весник резултатите од неговата петиција да ги објават како „научна студија“ и потоа таа „медицинска препорака“ ја користи како столб на кампањата.

Токму на тој начин, појадокот доби на тежина.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Свечља: Србија го прекрши договорот за регистарските таблички на автомобилите

Следно

Уапсени четворица разбојници во Шуто Оризари

Latest from Blog

Проданоски: Нека ни е честит 23 Октомври – денот на македонската револуционерна борба

Новoизбраниот градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој ден е симбол на почетокот на организираната борба

Светска уметничка повторно ја тужи Тејлор Свифт: Таа ги бара сите приходи од хитовите

Уметничка од Флорида, Кимберли Мараско, побарала од судот да им наложи на светската музичка ѕвезда, пејачката Тејлор Свифт и на другите обвинети да се откажат од своите заработки од песни за кои таа тврди

На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

Контејнерот од Еквадор содржел 1.080 кутии банани, а во надворешниот механизам за ладење биле скриени 34 импровизирани пакувања со запленетиот кокаин. Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од
Go toTop