ОН ја осуди „неуставната“ промена на власта во Нигер

July 27, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, остро ја осуди „неуставната“ промена на власта во африканската држава Нигер, јавува Анадолу.

„Генералниот секретар е длабоко вознемирен од притворањето на претседателот Мохамед Базум и загрижен е за неговата безбедност и благосостојба. Ги повикува сите актери што се вклучени во овој жален чин веднаш и без никакви предуслови да го ослободат претседателот“, изјави портпаролот на Кабинетот на генералниот секретар, Стефан Дужарик.

Гутереш, исто така, повика на итен прекин на сите активности што ги поткопуваат демократските принципи во Нигер и ги повика сите страни да се воздржат од насилство и да го почитуваат владеењето на правото.

„Обединетите нации се солидаризираат со демократски избраната Влада и народот на Нигер“, се вели во соопштението.

Војници во Нигер доцна синоќа се појавија на националната телевизија за да го објават соборувањето на претседателот Базум.

Нарекувајќи се Национален совет за заштита на татковината (CLSP), тие прочитаа изјава за пучот во видеоснимката што ја снимија и емитуваа на државната телевизија ОРТН.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти за победата над Манчестер јунајтед: Беше добар натпревар

Следно

Севернокорејскиот лидер му се пофали на Шојгу со нуклеарниот арсенал на земјата

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop