Курти: Не може да има избори пред деескалација на ситуацијата на северот на Косово

July 26, 2023
1 min read

Премиерот на Република Косово, Албин Курти, денеска на конференција за медиумите зборуваше во врска со изјавата на вицепремиерот Бесник Бислими дека Косово нема да распише избори на северот на Косово додека ЕУ не ги укине мерките против Косово.

Курти рече дека Бислими и Лајчак се спогодиле за реализација на критериумите на Европската Унија од 3 јуни и вели дека тој договор треба да се спроведе.

Косовскиот премиер не верува дека некој може да очекува нови избори на северот без целосна деескалација.

„Станува збор за деескалација. Не верувам дека некој очекува дека без целосна деескалација ќе имаме избори на север. Сепак, ние продолжуваме со нашата работа, се подготвуваме за избори на северот на Косово“,

рече Курти.

Тој додаде дека Косово очекува што поскоро да се отстранат мерките на ЕУ. Во врска со изјавата на вицепремиерот Бислими, Курти рече дека не се работи за услови туку за логичен редослед на работите и за спроведување на договорот меѓу Бислими и Лајчак.

„Мерките што се преземени против нас, а кои се нарекуваат и привремени и реверзибилни, секако очекуваме да бидат отстранети што е можно поскоро и логично е тоа да се случи однапред. Не се работи за услови, туку за логичен редослед на нештата, кој како прв чекор мора да го има спроведувањето на договорот меѓу Бислими и Лајчак од 3 јуни, што секако ја создава таа минимална нормалност за предвремени избори“,

вели Курти.

Курти додаде дека не е задоволен од ослободувањето на Србите осомничени за напади на северот велејќи дека генерално не е задоволен од работата на Обвинителството.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Напаѓачот на џамијата во Канада осуден на осум години затвор

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Актерот Кевин Спејси прогласен за невин по обвиненијата за сексуални напади

Latest from Blog

Коњановски: Битолските ученици со иновативно решение за почист воздух во училиштата

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети економското училиште „Јане Сандански“, каде е целосно реконструирана една училница и е набавен нов училишен мебел. Инвестицијата е реализирана преку јавна набавка во

Божиновска: Со Србија, Грција и Бугарија ја продлабочуваме регионалната енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска учествува на Вториот министерски самит во Белград, каде со колегите од Србија, Грција и Бугарија разговара за конкретни чекори за зајакнување на

ЈУЖНА КОРЕЈА МЕЃУ КИЕВ И МОСКВА: Трговија со гориво зад грбот на санкциите

Гориво од Јужна Кореја стигнува до Русија – делумно преку танкери под санкции – во време кога Москва се соочува со недостиг на залихи поради војната во Украина. Анализата на пристанишните евиденции

Овации и бис за македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски на фестивалот „Due Siciliae“

Со арии од „Тоска“, „Вертер“ и „Турандот“, Ѓорѓи Цуцковски се претстави на две концертни вечери на меѓународниот фестивал „Due Siciliae“. Македонскиот тенор, според неговото сведоштво, на двата настапа беше награден со бурни
Go toTop