(ФОТОГАЛЕРИЈА) Почна комисиската расправа за уставните измени, Ковачевски во друштво на Маричиќ и Лога

July 25, 2023
1 min read

Во моментов во тек е 30-минутното излагање на премиерот Димитар Ковачевски кој го образложува предлогот. По него ќе се обратат пратениците што се пријавени за збор

Во салата „Борис Трајковски“ во Собранието, со задоцнување од 20-ина минути, претпладнево почна седницата на Комисијата за уставни прашање на која треба да се расправа за промена на Уставот.

Во Собранието, како претставник на Владата која ги предлага уставните измени, е премиерот Димитар Ковачевски, кој дојде во друштво на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ министерот и заменик-министерката за правда Кренар Лога и Викторија Аврамовска-Мадиќ.

Присутни се и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од чии редови Александар Николоски, кој е и потпретседател на опозициската партија, непосредно пред стартот на седницата порача дека тие нема да гласаат за уставните измени.

„Има денови за историја! Ова е еден од нив! ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи газење на македонскиот национален идентитет, негирање на македонската историја и култура. Денес во Собрание ќе гласаме ’против’ уставни измени! ’Не’, за уцени и негирања! Кај оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ уцени не поминуваат!“,

порача Николоски на социјалните мрежи пред да влезе во салата.

По усвојувањето на дневниот ред со 10 гласа „за“ и седум „против“ од страна на членовите на Комисијата, седницата започна.

Во моментов во тек е 30-минутното излагање на премиерот Димитар Ковачевски кој го образложува предлогот. По него, ќе се обратат пратениците кои се пријавени за збор.

Во предлог-иницијативата за уставни измени што ја усвои Владата се предлага бугарскиот и уште пет други народи да се додадат во Преамбулата од Уставот. Во Преамбулата на македонскиот Устав треба да влезат и хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.

Покрај овие, предвидена е уште една уставна измена во однос на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците со која се предвидува да се измени бројот на членовите, и тоа наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 члена, при што 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.

По однос на оваа точка, Комисијата за уставни прашања треба да расправа најмногу 10 дена. Со оглед на тоа што 2 август е неработен ден, а за 27 јули е закажана седница за пратенички прашања, соопштија од Собранието, работата на ова тело се очекува да заврши помеѓу 7 и 9 август.

На 18 август, пак, предлог-уставните амандмани ќе се најдат пред пратениците на пленарна седница.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Издавачката куќа „Феникс“ објави антологија со која се одбележува 60-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес

Следно

Кибернапади врз министерствата во Норвешка

Latest from Blog

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на финансиско друштво по сериозни неправилности

23 мај 20206 година, Скопје–  Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди

Буфон не негираше дека би можел да ја преземе директорската позиција во Парма

Џанлуиџи Буфон ја остави вратата отворена за враќање во Парма како директор. Легендарниот поранешен голман призна дека е отворен за можности што навистина го возбудуваат. Сепак, тој не потврди дали има конкретни

Општина Битола: Продолжуваат работите на „Козара“, следи целосна реконструкција на повеќе улици

Во Битола денеска се одвиваат интензивни градежни активности на улицата „Козара“, зад Здравствениот дом, каде се врши бонификација на нестабилен терен под коловозот, односно стабилизирање на постелицата пред финалните фази на реконструкцијата.

Расте бројот на жртвите во рударската несреќа во Кина (ВИДЕО)

Државната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека несреќата се случила во рудникот Лиушенју во покраината Шанкси, во сопственост на групацијата Тонгџоу. „Новинарите на местото на експлозијата на гас во рудникот за јаглен Лиушенју

Спас во последен момент- прекината е егзекуција на затвореник, не можеле да му ја најдат вената

Според медиумските извештаи, затворските службеници се обидувале да вметнат интравенска линија повеќе од еден час откако го донеле Карутерс во затворот со максимална безбедност во Нешвил, пред да се откажат и да
Go toTop